Нејзиниот маж почнал чудно да се однесува: Кога го пронашла ОВА ПИСМО, цел свет и се срушил врз глава…

Ти пишувам сега, додека спиеш, само во случај утре да не бидам тој кој ќе се разбуди покрај тебе…Ја започнува исповедта овој човек.Луѓето во бракот се оддалечуваат од разни причини. Некогаш е во прашање трета личност, во некои случаи доаѓа до презаситување, а постојат и такви љубови кои ги разделила смрт или болест.
Токму ова последното и се случува на една Јулија и нејзиниот сопруг, кој почнал чудно да се однесува. Таа не знаела која е причината поради тоа, се додека тој не одлучил се да и објасни во писмо.
Драга Јулија,
Ти пишувам сега, додека спиеш, само во случај утре да не бидам тој кој ќе се разбуди покрај тебе. Со овие двонасочни патувања, јас поминувам се повеќе време на другата страна, а кој знае? Се плашам дека еден ден нема да се вратам од патувањето.
Само во случај утре да не можам да сфатам што се случува со мене. Само во случај утре да не сум во можност да ти кажам колку ти се восхитувам и го ценам твојот интегритет, твојата упорност да бидеш покрај мене, обидувајќи се да ме усреќиш без оглед на се. Како што отсекогаш правеше…
Продолжува на следната страна

 
Само во случај утре да не сум свесен за тоа што го правиш. Кога лепиш забелешки на врата, за јас да не го измешам тоалетот со кујната. Кога ќе успееш да ме насмееш откако ќе облечам чевли без чорапи. Кога се обидуваш да го одржиш разговорот иако се губам во секоја реченица. Кога полека ќе ми приидеш и ќе ми шепнеш име на еден од внучињата на уво. Кога нежно одговараш на моите напади на бес, како нешто да се буни против овие работи во мене кои ме преземаат.
За овие, и многу други работи. Само во случај утре да не се сеќавам на твоето име или моето. Само во случај утре да не можам да ти кажам благодарам. Само во случај да не можам последен пат да ти кажам дека те сакам!
Засекогаш твој „Т.А.М.Р“.
Сопругот на Јулија заболел од Алцхајмерова болест и не се чувствува добро веќе подолг период. Ја напишал оваа порака во момент на свест, за да ја потсети својата сопруга колку ја сака иако тоа не може да и го покаже.
Неговите зборови се потсетник за тоа дека иако можеби неговиот ум „отишол“ неговата љубов кон сопругата секогаш ќе остане иста. Луѓето во бракот се оддалечуваат од разни причини. Некогаш е во прашање трета личност, во некои случаи доаѓа до презаситување, а постојат и такви љ

Пронајдете не на следниве мрежи: