Нејзиниот сопруг бил убиен пред 20 години, а дури сега е откриена МОРНИЧАВА ТАЈНА!

Полицијата во Лас Вегас прими вознемирувачки повик од една жена, сабајлето на 28.06.2012 година. „Мојот син, мојот син има прострелна рана во главата“ – извикала Линда Кунеј, но не зборувала за детали. Кога пристигнале полицајците, го пронашле синот Кевин (30) во бара крв. Едвај бил жив, но успеал да се извлече.Мајката (63), веднаш ја прашале кој пукал во нејзиниот син, но таа тврдела дека не знае. Но, на Линда пукотниците не ѝ биле нешто непознато. Пред 20 години, бил убиен нејзиниот сопруг, таткото на Кевин и тоа од ист пиштол.
Кога се преселиле во Палм Бич, Линда сакала да има богат живот, па на една забава го запознала правникот Џим Кунеј. Нејзиниот сон се исполнил. Тие се венчале и добиле два сина, Кевин и Кристофер, но бракот не траел долго.
Линда тврдела дека нејзиниот сопруг е насилен, меѓутоа тој поднел барање за развод. Кавгите продолжиле по разводот. Таа барала повеќе пари, а Џим тврдел дека му се заканувала.
На 07.02.1992 година, Џим отишол кај Линда и ѝ рекол дека мора да му ги даде синовите за викенд. Тој не излегол жив.
Бил пронајден мртов со повеќе истрелни рани. Во раката држел кујнски нож, па Линда тврдела дека пукала во самоодбрана. Таа била уапсена и обвинета за убиство од прв степен. Кевин (11) бил главен сведок.

Полицијата и обвинителството сметале дека Линда го подметнала ножот во раката на Џим. Пред да повика полиција, таа се јавила кај една нејзина пријателка. Знаела дека децата треба да добијат милион долари од осигурување.
Поротата пресудила дека Линда е невина. Објаснувањето на Кевин дека неговиот татко имал нешто сјајно во рацете беше доволно да ја ослободи. Многумина сметале дека Линда се извлекла, па со децата се преселила во Лас Вегас за да избега од оговарањата. По 20 години од настанот, Кевин бил погоден од истиот пиштол.
Тој останал делумно парализиран. Линда тврдела дека пред заминувањето на спиење, се карале поради неговата девојка.
Но, три дена откако се разбудил од кома, Кевин ги изненадил сите со својата изјава.
„Се плашам од мајка ми. Таа пукаше во мене“ – им рекол на медицинските сестри.
Девојката на Кевин, Карина Тејлор, им раскажала на инспекторите дека тој со години се плашел од неговата мајка. Линда не ја сакала, но ниту една друга девојка на Кевин.
Таа ги трошела парите од осигурувањето, а сите девојки на Кевин ги сметала за закана. Се плашела дека ќе ги изгуби парите ако Кевин се исели од куќата.
Неговиот брат сведочел во корист на Линда. Тврдел дека неговата мајка таа вечер рекла дека Кевин е бесен и дека ѝ се заканувал.
Иако Кевин го имал главниот збор во куќата, 20 сведоци потврдиле дека тој се плашел од неговата мајка. Сведочела и неговата девојка, тврдејќи дека Кевин ѝ рекол дека неговата мајка пукала во него. Здобиените рани се совпаѓале со неговиот исказ.
Поротата ја прогласи Линда за виновна за обид за убиство и следење на девојката на Кевин, а осудена е на 13 до 41 година затвор. Она што е неверојатно е фактот дека двата сина по немилата случка останале покрај нејзе.Мајката (63), веднаш ја прашале кој пукал во нејзиниот син, но таа тврдела дека не знае. Но, на Линда пукотниците не ѝ биле нешто непознато. Пред 2

Пронајдете не на следниве мрежи: