Дениз Макајнтир и нејзиниот сопруг Џејмс биле неразделни од 2000 година кога се венчале. Сепак по 15 години брак следел шок кој Дениз никако не го очекувала.Иако ги делат 14 години, Дениз (54) и нејзиниот сопруг Џејмс (40) имале совршен брак. Биле неразделни повеќе од деценија, а пред да стапат во врак добиле син. Сепак, еден ден Џејмс „исчезнал“. Заминал во продавница и просто повеќе не се вратил дома. Неговото исчезнување било голем шок за Дениз, но ни половина колку она што го дознала две недели подоцна.
Една вечер Џејмс излегол од дома да ги плати сметките . требало да се врати за половина час, но го немало.
Дениз почнала да се грижи, а од Џереми ни трага ни глас. Неколку дена подоцна, на пат до продавница ја сретнала пријателката која ѝ кажала дека Џејмс има нова девојка. Набрзо ги сретнала заедно на улица.
„Го фатив на улица со таа нова жена. Се чувствував како некој да ме удрил во стомак. Го прашав зошто го стори тоа, а тој ми рече дека сум мрзелива и дека не е среќен со мене“, раскажала Дениз и додала дека се чувствува издадена и повредена.
Од пријателите дознала дека нејзиниот сопруг сега живее со својата нова девојка само неколку улици од куќата каде што живеел со неа. Пред само неколку години, ваков пресврт не можела ни да замисли.
„Го прашав дали му пречи тоа што сум постара, а тој ми рече дека тоа воопшто не му преставува проблем. Дури не го одбило ни тоа што имам здравствени проблеми. Имам артритис, дијабетес и астма и знам дека во иднина ќе ми биде потребен некој кој ќе се грижи за мене. Џејмс ме уверуваше дека тој ќе биде тука“.
Сепак, нивниот брак не потрајал, а Дениз е увреена што Џејмс ја изневерувал и претходно, иако нема доказ за тоа. Сега не само што има доказ, туку нејзиниот сопруг дошол кај неа со новата девојка да бара развод на брак. Дениз му одговорила дека тоа не е опција, бидејќи таа е „католик и верува во брак за цел живот“.
„Ми минуваат покрај куќата секој ден, што е прилично тешко, но ги избегнувам и не излегувам. Се надевам дека наскоро ќе се преселат и тоа ќе биде мојот нов почеток“.Иако ги делат 14 години, Дениз (54) и нејзиниот сопруг Џејмс (40) имале совршен брак. Биле неразделни повеќе од деценија, а пред да стапат во врак



