Холивудската актерка е позната по својот скромен начин на живот. Покрај тоа што и до ден денес води обичен живот, актерката Маргот Роби растела без татко.Имено, „Волчицата од Волстрит“ во медиумите секогаш ја споменувала само нејзината мајка, па така во јавноста стигна податокот дека таа ја отплатила хипотеката на нејзината мајка со своите големи актерски хонорари.
Убавата русокоса никогаш не го споменувала нејзиниот татко, бидејќи го напуштил семејството кога Маргот била бебе.
Магазинот „Њу идеја” прв пат објави дека нејзиниот татко е всушност тајкун, но дека Маргот и нејзината сестра не сакаат да слушнат за него.
Актерката во нејзиното неодамнешно интервју за магазинот „Сан” откри дека едвај комуницира со нејзиниот татко: „Не сум како него“.
Сепак, братот на актерката одржува врска со нивниот татко, па дури и му оставил порака за Денот на татковците: „Можеби не бевме нормално семејство, но ми овозможи образование и помош кога ми беше најпотребна.“
Од друга страна, единствениот пример за познатата актерка е нејзината мајка која одгледала четири деца и затоа еден ден би сакала да биде како неа.Имено, „Волчицата од Волстрит“ во медиумите секогаш ја споменувала само нејзината мајка, па така во јавноста стигна податокот дека таа