Колачињата од ѓумбир се популарни на Западот и без нив празниците просто не се потполни, а кога ќе ги пробате и на самите ќе ви стане јасно зошто е тоа така.Потребно е:
– 350 г брашно
– 175 г кафеав шеќер
– 100 г путер
– 1 јајце
– 1 прашок за пециво
– 2 лажички мелен ѓумбир
– 1 лажичка цимет
– 4 лажички мед
Подготовка:
Помешајте ги сите состојки и месете додека не се формира тесто.
Развлечете го тестото на околу 1 цм дебелина и со модла во облик на човече направете поединечни колачиња и ставете ги во претходно подмачкан сад за печење.
Во претходно загреана рерна на 180 степени, ставете ги колачите и печете ги околу 15-тина минути.
Кога ќе се испечат, извадете ги надвор и оставете ги да се оладат.
Откако целосно ќе се оладат, можете да ги украсите со шлаг или со некој крем, исцртувајќи им на човечињата очи, нос, уста, облека, копчиња и сл.Потребно е:
– 350 г брашно
– 175 г кафеав шеќер
– 100 г путер
– 1 јајце
– 1 прашок за пеци