НЕКОГАШ И СЕГА: Дојран привлекува туристи со убавината!

Loading...

Дојранско Езеро е најмало тектонско езеро во Република Македонија. Се наоѓа во нејзиниот југоисточен дел, заземајќи површина од 43,1 км².Поради јодот кој го испуштаат алгите за време на нивното цветање (јули-август), водата на езерото е многу лековита, посебно за лечење на проблеми со синусите, бронхит, настинки, зараснување на рани и исеченици. Лековитоста на водата привлекува голем број на туристи, највеќе семејства со мали деца.
Во Дојранското Езеро регистрирани се 12 фаунистички ендемити. Од 15 видови риби, 1 вид претставува локален ендемит.
Земено во глобала, Дојранското Езеро е само една од скапоцените работи кои Дојран може да им ги понуди на туристите. Како град со богата туристичка понуда, Дојран е место за идеален одмор.
Со години наназад, овој туристички град доживеа трансформација во вистинска смисла на зборот. Плажите добија нов лик, се инвестираше во целосна трансофрмација на градот, се одржуваат различни манифестации – идеално за сечиј вкус.
И додека овој град полека почна да го наоѓа своето место во туристичката понуда поради позитивниот фидбек од зафатите со кои привлекува сѐ поголем број на посетители, во полниот ек на сезоната се појавија афери за да се уништи угледот на ова место.
Евтините обиди за да се вмеша политика во туризмот завршија со неуспех, бидејќи на многумина им стана јасно за што станува збор откако одредени политички структури ја искористија ситуацијата за минута слава и да го нападнат градоначалникот Борче Стамов за спроведување политики на актуелната власт.
Снобовското однесување и манипулации беа прочитани од сите, посебно поради фактот што Дојран драстично го смени изгледот гледајќи десет години наназад.

Без разлика на која партија припаѓа градоначалникот, уништувањето на туристичката понуда на Дојран (и на Македонија во целост) носи штета на многу луѓе коишто го заработуваат парчето леб од посетителите. Но, зошто тоа на некој што не почувствувал како е да се бори за корка леб би му било важно?
Во продолжение може да погледнете како Дојран за нешто повеќе од една декада се разви во прекраснен туристички град:
2005

2006

2016

Поради јодот кој го испуштаат алгите за време на нивното цветање (јули-август), водата на езерото е многу лековита, посебно за лечење на проблеми с

loading...