Децата денес повеќе се врзани за домот од порано, па наместо да си играат во природа со останатите деца, тие ги трошат деновите пред компјутер, на интернет и на филмови што ги прави поосамени.Вистинската магија на детството е одамна исчезната. Повозрасните генерации го помнат своето детство по игрите во парковите, криенките, скокањето по барички со вода и играњата со топка, но се чини дека децата од модерниот свет ќе го помнат детството по компјутерите и останувањето дома.
Децата на денешницата минуваат помалку од пет часа во неделата при играњето на отворено, додека претходните генерации си играле во просек од 11 часа во неделата, покажа истражувањето на британската компанија Eden Project and Key Gardens.
Со поминатото време пред компјутер, сѐ помалку деца уживаат во едноставната забава во природата која им помага подобро да го запознаат светот, да ги научат причинско-последичните врски и да запознаат други луѓе, пишува Daily Mail.
Така, готово две третини од денешните деца никогаш немале исплетено венче од цвеќиња, а повеќе од третина никогаш не застанале барем малку да накиснат или пак си играле во кал.
Што пропуштаат денешните деца:
-Скокање по бари вода
-Правење Снешко
-Играње во кал
-Играње во парк
-Качување по дрво
-Правење замок од песок
-Тури во природа со велосипед
-Играње по дожд
-Трагање по животни во природа
-Фрлање каменчиња и правење „жабички“ по реките и езерата
-Потрага по инсекти
-Садење овошје и зеленчук
-Правење венчиња од цвеќиња
-Крадење плодови од дрвја
-Градење брани од гранчиња
-Играње криенкаВистинската магија на детството е одамна исчезната. Повозрасните генерации го помнат своето детство по игрите во парковите, криенките, скокањето по



