Уште кога имала само 9 години американката Џесика Велч започнала да се дебелее и од кога знае за себе таа била „полничка“. До својата десетта година веќе носела конфекциски број за возрасни а до своите тинејџерски години таа стигнала до 95 килограми.„Се обидов со разни диети, губев од 5 до 10 килограми но се дупло ми се врати“- раскажува Џесика и додава дека целиот проблем бил во нејзините навики за исхрана.
„Јадев во големи количини, особено кога ќе ме погодеа емоции. Додека да пораснам моите врсници се шегуваа со мене поради мојата тежина бидејќи не можев да се облекувам како нив“- искрено кажува Џесика.
Кога веќе и било доста од сето тоа, одлучила дека мора да преземе нешто а единствениот избор бил промена на исхраната. На својот триесетти роденден со тежина од 148 килограми таа конечно донела одлука.
Ќерката на Џесика тогаш имала 7 години а нејзиниот татко починал неколку години предтоа , па мајката и била се што и останало во животот.
„Сакав да живеам поради неа, а со 148 години никако не би можела. Не преземав строга диета туку само ги исфрлив газираните пијалоци и по некое време забележав дека сум изгубила 12 килограми“- кажува Џесика.
Кога забележала дека штетните произвводи од исхраната навистина и помагаат во губењето на килограмите одлучила да ја исфрли брзата храна, со што автоматски се намалил и бројот на калориите кои дневно ги внесувала а таа доживеала и едно пријатно изненадување- изгубила уште 13 килограми!
Бидејќи видела какви резултати и дале промените на исхраната Џесика решила да продолжи со истото темпо и уште малку да се потруди- престанала да купува готова храна и скоро се готвела дома. Сите лоши намирници ги заменила со здрави.
По својата 31 година кога веќе изгубила скоро 70 килограми, Џесика започнала да оди во теретана. Поради вежбите за цело тело таа оди три пати дневно а во останатите денови трча.
Уште една работа која ја мотивирала Џесика да ја оствари својата цел била посетата во Дизниленд. Ја одвела ќерка си на најсреќното место на светот но бидејќи имала вишок килограми не можела да се смести во седиштето на ролеркостерот.
Била толку разочарана што нејзината ќерка поради неа не можела да се вози на таа машина и си ветила на себе дека никогаш повеќе нема да си го дозволи тоа.
Денес, Џесика има 78 килограми, пресреќна е и здрава а нејзиното мото е дека- Никој не може да ве натера да ослабнете, туку морате да бидете подготвени тоа да го направите за себе!
„Доколку не сте подготвени, нема да можете тоа да го направите“- заклучила Џесика, а денес нејзината најголема мотивација е кога нејзната ќерка ќе ја прегрне и ќе и каже- „Мамо можам да ги составам рацете околу твојата половина“. „Се обидов со разни диети, губев од 5 до 10 килограми но се дупло ми се врати“- раскажува Џесика и додава дека целиот проблем бил во не



