Некогаш си велам,живот ли е ова?Кому сме му згрешиле,за да толку многу патиме?

И,нашата приказна не завршува тука…има уште да се кажува.Се секавам кога одев на училиште во Костур,учителот ме праша како се вика мајка ,а јас му одговорив МАМА..и тој ја зеде железната шипка и почна да ме тепа по рацете мали,се дури не протече крв…и тоа зашто реков мама ,а не ма-ма на грчки.Кога си дојдов дома,кога ме виде постариот брат,се налути толку многу,и тргна  за да оди кај учителот,ама татко ми го спречи,молејки го да не оди,зашто грците веке ја имале нашата фамилија на око…
 
Еден ден го зедоа жандарите мојот брат Горги,го ставија во затворот во Солун и оттука на островот каде носеше камења,јадеше риба солена,и им даваа за пиење солена вода од морето…
 
Остана жив,ама по сите големи измачувања,слабо зборуваше…
Мачни беа тие години,а уште помачни кога си заминавме…
 
Во 1973 година,дојдовме тука да живееме,а наредната година почина мојот татко кој не го имав видено од мојата осма година.Отидов на границата,молејки ги клетите грци да ме пуштат да одам на погреб,но тие зли пси ми одговорија-не го виде жив,нема ни мртов-.
И како што рекоа,нити жив,нити мртов не го видов.Се видело нашето,уште кога не протераа,уште од тој кобен ден,нашиот живот се претвори во пекол,никаде и од никого не прифатени,секаде тугинци….
Распрчкани на сите страни,несекаде по светот…Некогаш  си велам,живот ли е ова?Кому сме му згрешиле,за да толку многу патиме?
Велат,политика е тоа, да знам и јас ,ама што се должни деца да патат ?
Разочарано раскажува мојата мајка,огорчена,уморна,полна со секавања,спомени….
 
Продолжува…Се секавам кога одев на училиште во Костур,учителот ме праша како се вика мајка ,а јас му одговорив МАМА..и тој ја зеде железната шипка и п

Пронајдете не на следниве мрежи: