Некогаш за ова се одело во затвор: Денеска е државен празник и наша гордост!

Над напатената македонска земја во одреден историски период започна да паѓа мракот и новото ропство кое го донесоа озогласените комунистички соработници на УДБА.Идејата на ВМРО и обединета Македонија била најголема пречка за новите архитекти на пост-воена Југославија кои многу добро знаеја колку е силен духот на ВМРО кај Македонците кој низ годините се претвори во тврдина на отпорот против сите поробители, вклучително ги и новите.
Поради тоа, во 1946 година започнува вистинска хајка за сузбивање на тој дух и негово конечно искоренување од Македонецот.
Новиот режим ќе се впушти мисија на ништење на ВМРО не препоставувајќи колку овие четири букви се силно и масовно вкоренети меѓу Македонците, пред сѐ младите. Затоа и младата македонска интелигенција ќе биде и најголемата жртва на пост-воена Македонија.
Започнуваат да се редат масовни апсења, затворања, монтирани судски процеси, масовни стрелања и масовни гробници, она што го немало ниту за време на војната. Такви се масовните стрелања на македонските војници во Скопје и Штип и масовните гробници во Велес и Куманово, масовни гробници во „ослободена“ Македонија, како тажен синоним за новиот македонски холокауст.
ВМРО – СДРМА била македонска конспиративна младинска организација создадена на иницијатива и под водство на Глигор Крстески, со цел да се бори за отцепување на НР Македонија од Југославија, ослободување на неослободените делови и обединување во Самостојна Држава Република Македонија (СДРМ) со поддршка од САД и од другите западни сили, под покровителство на Америка.
Тоа било вградено во името на Организацијата – СДРМА. Обединета Македонија се предвидувало да биде граѓанска држава од типот на западните демократии.
До средината 1947 година, организацијата изградила организациска мрежа по систем на тројки, во Прилеп и во Прилепско. Организацијата пред крајот на 1947 година била разоткриена, а водечките личности биле уапсени и биле осудени и нејзината дејност прекината.
На ова потсетува и директорот на Државниот Архив на Република Македонија, г-дин Филип Петровски, кој по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, сакаше да ги потсети сите Македонци дека за празнувањето на крваво стекнатата независност на нашата држава, многу луѓе платиле скапа цена за да можат идните поколенија да уживаат во слободата:
Идејата на ВМРО и обединета Македонија била најголема пречка за новите архитекти на пост-воена Југославија кои многу добро знаеја колку е силен дух

Пронајдете не на следниве мрежи: