Ако сметавте дека сте комплетно едуцирани во однос на сексуалниот живот, следниве 10 факти веројатно ќе ви го сменат таквото мислење бидејќи ви гарантираме дека никогаш до сега не сте имале прилика да ги дознаете следниве факти за оргазмот:- Кога машкото доживува оргазам, исфрла по 10 цм3 сперма. Врз основа на ова, просечен маж во текот на својот живот ќе исфрли доволно сперма за да наполни 14 шишиња за млеко од по еден галон.- Ок, сме зборувале за различните г-точки на жените, но мал е бројот на оние што знаат дека имажите имаат вакви точки. Поконкретно, три. Френулум (веднаш под пенисот), перинеум (делот од кожата кој се наоѓа помеѓу тестисите и анусот) и простатата.
– Мажите се секогаш расположени за оргазам, но кај жените е важен тајмингот. Утврдено е дека жената може да доживее најквалитетен оргазам во текот на „оние денови“. Оваа информација е доста поразителна, со оглед на тоа што многу жени (а и пар мажи) во овој период избегнуваат секс. А сепак, причината зошто оргазамот е најјак во овој период е – зголемената крвна циркулација!
– Еден од најголемите шокови на 20тиот век што го стресе светот беше изјавата на холивудскиот секс-симбол Мерилин Монро дека ниту еден од нејзините познати љубовници (Џон Ф. Кенеди, Френк Синатра… долг списоков…) не ја благословил со оргазам.
Нешто пред нејзината смрт, таа му се доверила на својот психијатар (Др. Ралф Грисан) „Ех, докторе, сите овие години ниту еднаш не сум доживеала оргазам. Години фрлени во вода. Како ли да ти објаснам на тебе, маж, како е да се биде жена?
Замисли си прекинувач за светло со реостат. Во моментот кога ќе почнеш да ја палиш сјалицата, таа почнува да осветлува, прво помалку, потоа посилно, а конечно е запалена кога ќе блесне со заслепувачка светлина. Тооолку е добро!“ – Просечната брзина на ејакулацијата во екот на машкиот оргазам е 28м/сек, тврдат од институтот Кинси. Ова е целосна спротивност на бавното и мирно темпо на сперматозоидите, кои патуваат одвај 1 ½ инчи на секои 15 минути интензивно пливање. Силната ејакулација прилично им ја олеснува работата, ако се земе предвид дека тие мораат да испливаат добри 3-4 инчи пред да стигнат на посакуваната 'дестинација'.
– Оргазмот не е ексклузивна можност на живите луѓе. И покрај тоа што постои можност и мртвите луѓе да доживеат оргазам, сепак – препорачуваме секс со живи луѓе.- Не е точно дека секоја жена ќе успее да предизвика оргазам кај мажот. Всушност, жените на кои редовно им успева да издејствуваат оргазам, се оние „повокалните“. Истражувањата покажале дека 59% од машките оргазми се постигнати во екот на врискањето на жената, а само 2% додека таа била тивка.
– Жените се најчесто способни за повеќекратни оргазми.Најголемиот број на женски оргазми забележан од страна на докторите, е 134 пати во еден час. Тоа е нешто повеќе од два оргазма во минута. Уште поинтересно е дека жените можат да доживеат повеќекратен оргазам дури и при вршење на оние навидум секојдневни активности – чупање веги, трљање на коленото, размислување (ок, за оргазам) или миење на заби. Замислете?!- Оргазамот ја има еволутивната функција на природата. Во 1967, еден човек по име Дезмонд Морис издаде доста контраверзна книга – „Голиот Мајмун“. Книгата го третира женскиот оргазам, наведувајќи дека неговата цел не е единствено да го зголеми интересот за сексуалните активности, туку истовремено и да ја натера жената да остане во хоризонтална положба (како спермата не би се излеала).
Морис исто така тврди дека и самото тоа што жената има потешкотии при доживување на оргазам е форма на природна селекција. Само најтрпеливиот, внимателен и имагинативен човек е способен на својата жена да и`овозможи оргазам, и на тој начин успешно да зачне дете.
– Мастурбацијата може да се забележи дури и на сликите од ултразвук, особено доколку станува збор за машки бебиња, и тоа на начин што нивното раче изгледа како да е обвиткано околу нивниот пенис, и се придвижува нагоре-надоле. Не е невообичаено мали деца да пробуваат разни форми на себестимулирање, што на крајот резултира со некој вид на оргазам.
Секако, овде зборуваме за онаа возраст на деца, каде нивните полови органи се`уште ја немаат развиено нивната возрасна функција. Имајќи го предвид кругот на животот, исто така се верува дека може да се постигне оргазам дури и за време на смрт, преку стимулирање на извесни точки од `рбетот.
Но, оваа теорија се`уште треба да се разработува.- Кога машкото доживува оргазам, исфрла по 10 цм3 сперма. Врз основа на ова, просечен маж во текот на својот живот ќе исфрли доволно сперма з