Некои работи кои вонземјаните ги заборавиле на Земјата

Лесно е да бидете скептични кога се работи за разни приказни за посета на вонземјани на Земјата. Но, што ако навистина гостите од некоја друга планета ни оставиле некои физички докази за нивната посета на нашата планета? Постојат низа чудни објекти ширум светот, а многу од нив претставуваат енигма и настанале во природа, што наведува дека можеби се предмети кои се донесени од друга планета.
Чуден дел од машинерија е пронајден во парче јаглен во Владивосток во Русија. Личи на парче од запчаник, а според тестовите станува збор за вештачки предмет направен пред 300 милиони години. Тоа што е чудно е дека станува збор за алуминиум, елемент кој е пронајден во 1825. Интересно е и тоа што мистериозниот артефакт наликува на дел од микроскоп.

Друг чуден предмет е најден од Џон. Џ Вилијамс во 1998 година за време на неговите долги прошетки. Тој ископал предмет со електрични компоненти кој наликува на електричен приклучок. Овој предмет станал познат под името Енигмалитот на Вилијам. Многумина веруваат дека станува збор за измама затоа што Вилијам не сака да го скрши предметот, (но затоа го продава за 500 илјади долари). Според геолошката анализа станува збор за камен стар 100 илјади години, што значи дека предметот кој се наоѓа во него не може да биде човечко дело.

Некои чудни фигури и објекти се оставени од времето на Колумбо меѓу кои и мали златни фигури кои на изглед наликуваат на модерни млазни авиони. Таканаречените древни авиони имаат особини кои наликуваат на крилата на борбените авиони, стабилизатори, па дури и опрема за слетување. Според подржувачите на теоријата за древните астронаути, токму тие ги направиле овие модели со пропорционални размери способни за летање. Можеби Инките биле во контакт со вид кој поседувал напредна технологија, тврдат подржувачите на НЛО. Сепак, овие објекти може да бидат и само преубави статуички кои претставуваат уметнички приказ на инсекти и други животинки кои имаат крилја.

Приказната за таканаречената мистериозна сфера Бетц. Станува збор за сребрена кугла, со радиус од околу 20 сантиметри која ја нашла семејството Бетц во 1974 година. Тие ги истражувале причините за пожари кои се појавувале на нивниот имот на Флорида, кога го забележале овој објект.

Сферата била мазна, освен што на неа имало чуден симбол. Семејството ја однело куглата дома и наскоро сфатиле дека таа има чудни особини. На пример, реагирала на звук на гитара, така што емитувала звук сличен на тропање и ехо. Исто така можела да запре доколку некој ја турне во насока во која не сака да се движи и да го промени правецот.
Повеќе на: МКD-news

Пронајдете не на следниве мрежи: