Новиот лидер на СДСМ, Зоран Заев очигледно не ја добива потребната поддршка во СДСМ како човек што треба да ја изнесе партијата на прав пат.
Неговата матична партија се закани со тужби кон новинарите кои го пренесоа гафот на Заев за “двонационален идентитет”. Од СДСМ рекоа дека тој не рекол така и дека тоа сето било медиумска хајка против новиот лидер на СДСМ.
Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов на прес-конференција изјави дека Зоран Заев во интервјуто за Република рекол “на, во националниот идентитет”, фраза која е надвор од секоја логика. Сите портали и медиуми повторно го пренесоа спорниот дел од интервјуто каде што јасно се слуша што Зоран Заев вели.
Притоа, Република во своето ново издание излезе со текст каде што, за оваа ситуација го обвинува токму комуникацискиот центар на СДСМ, кој како што пишува сака да му упати јасна порака на Заев да не се надева дека тој ќе биде новиот Бранко во СДСМ.
„Аматерското однесување на комуникацискиот центар на СДСМ, кој по последните небулозни закани за тужби и тврдењето дека Заев употребил непостојна, нелогична, неписмена, па, ако сакате и глупава конструкција на зборови , јасно му порача дека е оставен на цедило и дека ако сака да добие поддршка, ќе мора да ја наведне “кичмата”, да заборави дека може да биде новиот Бранко и да се согласи да биде убавото, но не и главното и најумното лице на новиот СДСМ“, пишува Република.
За Република исто така е нејасно, зошто дури по пет дена откако беше објавено интервјуто на Зоран Заев, СДСМ излезе со обвинувања дека тој бил погрешно пренесен во јавноста. На луѓето од СДСМ им требаа 5 дена за да дешифрираат изјава на нивниот лидер и да излезат во јавност со крајно нелогично објаснување, едноставно на својот лидер му додадоа уште еден гаф.
Се претпоставува дека одлуката околу прес-конференцијата каде беа упатени закани кон новинарите е дело на дел од приврзаниците на Црвенковски и дека на Заев треба да му стане јасно дека не треба да биде човекот кој ќе ја води јавната комуникација на СДСМ.
Според изворите на Република, се појасно станува дека Зоран Заев се уште не е свесен дека случајно или намерно, СДСМ со објаснување дека сака да го заштити, всушност, му нанесува тешки удари прикажувајќи го како недоветен политичар кој треба да биде дообјаснет од партискиот портпарол.
Новиот лидер на СДСМ, Зоран Заев очигледно не ја добива потребната поддршка во СДСМ како човек што треба да ја изнесе