Неколку факти кои навистина ќе ве изненадат

Ви претставуваме неколку факти за кои досега најверојатно не сте слушнале и навистина ќе ве изненадат, а се апсолутна вистина.1. Ако секој мускул на вашето тело можеше истовремено да се повлече во една иста насока ќе можевте да кренете скоро 25 тона.
2. Ако се гушкате со некој повеќе од дваесет секунди вашите тела ослободуваат окситоцин, познат како хормон на љубовта којшто исто така има моќ да направи некој да ви верува повеќе.
3. Единствената храна која не се расипува е медот.
4. Научниците не се целосно сигурни зошто спиеме. Според еден истражувач, со педесетгодишно исксуство во ова поле, единствената причина поради која навистина заспиваме е затоа што стануваме поспани.

5. Додека денеска треба да платите скапо за нив, во 1800тата хранењето на затворениците со ракчиња се сметало за сурова и невообичаена казна, исто како да ги терате луѓето да јадат стаорци.
6.  Кравите имаат најдобри пријатели исто како и човекот и чувствуваат стрес и тага кога се разделени. Тие имаат проблем кога треба да се интегрираат во нова група, што влијае и на квалитетот на нивното млеко и количината што ја произведуваат.
7. Далај Лама јаде месо секој втор ден. Во една прилика тој изјавил “ Јас сум тибетански монах, а не вегетаријанец”.
8. Мравките можат да преживеат пад од облакодер.
9. Apple има повеќе пари од Владата на САД.
10.Leo Fender, пронаоѓачот на гитарите Fender никогаш не знаел да свири гитара.
11.Малечкото, новородено кенгурче е толку мало што го собира во супена лажичка.
12. Наредниот пат кога треба да приготвите некој специјалитет може да го избегнете плачењето при сецкањето кромид ако истовремено џвакате мастика.
13.За да ги изгледата сите клипчиња на Youtube ќе ви бидат потребни 1000 години.
14.Во 2009 Википедија и забрани на саентолошката црква да објавува или додава било што во статиите на Википедија.
15. Лекарот којшто тврдел дека има врска помеѓу вакцините и аутизмот создал лажни податоци за својот труд и ја изгубил својата медицинска лиценца.
П.К.1. Ако секој мускул на вашето тело можеше истовремено да се повлече во една иста насока ќе можевте да кренете скоро 25

Пронајдете не на следниве мрежи: