Неколку факти кои заслужуваат да бидат дел од верувале или не

1. Показалецот на „Статуата на слободата“ е долг 2,5 метри.
2. Во делови од пустината Атакама во Чиле никогаш не заврнал дожд или барем досега не бил забележан.
3. Најголемата измерена снегулка била широка 38 сантиметри, а дебела околу 20. Паднала во Монтана, во 1887 година.
4. Кога ќе наполните 75 години, тоа значи дека сте биле будни само 52 од нив, остатокот или 23 години од животот сте ги поминале во спиење.
5. Замислете, крилото на „Боинг 747“ е подолго од должината на првиот лет на браќата Рајт. Тие го измислиле авионот, а нивниот прв обид да летаат со него траел само 12 секунди.
6. На Земјата има онолку кокошки колку што има и луѓе.
7. Постои вид птица која тежи помалку и од едно денарче.
8. Внимавајте во каква боја се облекувате. Комарците најмногу ги привлекува сината. Можеби ви е чудно, но и тие имаат заби.
9. Инсектите се толку многу бројни, што за секој човек има по речиси 200 милиони.
10. Кенгурите не можат да се движат наназад.
11. Освен луѓето, отисоци од прсти имаат и коалите.
12. Октоподите имаат по три срца.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
 1. Показалецот на „Статуата на слободата“ е долг 2,5 метри.
2.&n

Пронајдете не на следниве мрежи: