Петте ракометари кои примиле инфузија се чувствуваат добро и се подготвени за настапот на Европското првенство.Текст од соопштението на Ракометната федерација на Македонија:
На последниот ден пред заминувањето на машката ракометна репрезентација на претстојното ракометно првенство во Хернинг, Данска, кај 5 играчи на А-тимот се појавија знаци на премаленост и нагон за повраќање.
Индикациите укажуваа на симптоми при состојба популарно позната како стомачен вирус. По реакцијата на лекарскиот тим и укажаниот соодветен третман во клиничката болница „Систина“, ракометарите се чувствуваат добро и утре изутрина заедно со целиот табор ќе заминат за Данска.
За настанатата состојба директорот на машката репрезентација, Д-р Никола Панчевски од Клиничката болница „Систина“ ја даде следната изјава:
„Станува збор за гастритичен проблем како реакција на стомачен вирус, кој е причина за одењето на дел од ракометарите во болница. Во градов подолг период владее вирусна епидемија, поради што веќе сме подготвени на брз начин да се справиме со нејзините последици. Дел од играчите почувствуваа премаленост и нагон за повраќање, поради што мораа да добијат третман. Но нагласувам дека не е ништо страшно и дека тие ќе бидат подготвени за настапите на претстојното Европско Првенство“.
Текст од соопштението на Ракометната федерација на Македонија:
На последниот ден пред заминувањето на машката ракометна репрезентација на п