Чистењето и одржувањето на домот одзима многу време,енергија и обично бара големи вложувања во различни средства за чистење. Ви носиме неколку трикови како да ги намалите трошоците и вложеното време на минимум.1.Чистење на машината за перење од камен
Не ви се потребни скапи производи за чистење за да успеете во ова. Обичен алкохолен оцет ќе ги исчисти сите нечистотии. Ставете 2 дл оцет во тоа за прашок и вклучете го долгиот процес за перење. Кога ќе заврши, машината ќе свети како да е нова.
2.Отстранување дамки на облеката
Уште еден трик поврзан со машината за перење и оцетот. Доколку имате деца и често се борите против дамките, особено на шарена облека оцетот ќе ве спаси. Во прашокот на перење додадете алкохолен оцет, третина количина прашок кој сте го ставиле. Облеката ќе биде чиста и без дамки, а бојата нема да се извади.
3.Чистење на профилите на прозорите
Како би спречиле долготрајно чистење, истурете сода бикарбона по внатрешниот дел на прозорот и додадете малку oцет. Мешавината веднаш ќе започне да создава меурчиња. Оставете 10-тина минути да го направи своето. Мешавината ќе ја изгриза нечистотијата на профилите а вие на крајот само ќе избришете со сува крпа.
4.Масни површини
Не губете енергија за стругање на масностиите од кујнските површини, особено на фрижидерот или пак долната страна на кујнските висечи елементи.Измешајте масло и прашок за печиво додека не добиете густа паста. Ставете ја мешавината на масната површина и оставете 5-10 мин. Потоа избришете само со мокра крпа.
5.Експлозија во микровалната
Исечете лимон на пола, ставете во шолја и додадете малку цимет во прав. Ставете ја мешавинаа во микровална на најниска температура 10 минути. Лимонот ќе ги дезинфицира површините, а циметот ќе помогне при отстранувањето на неугодните мириси. На крајот само пребришете ја внатрешноста со мокра крпа.
6.Траги од маркери и фломастери на подот
Земете малку паста за заби и намачкајте на дамката од фломастер. Потоа избришете со крпа од микрофибер. Обичниот маркет ќе го избришете ако го испрскате со лак за коса или дезодоранс. Причекајте минута, и избришете со мокра крпа.1.Чистење на машината за перење од камен
Не ви се потребни скапи производи за чистење за да успеете во ова. Обичен алкохолен оцет ќе ги исч