Крвниот притисок било висок или низок е знак на пореметување во организмот.
Кога е низок, крвниот притисок предизвикува симптоми на вртоглавица, несвестица, замор, мачнина, отежнато дишење, замаглен вид и ладна и влажна кожа.
Кога крвниот притисок е толку низок тоа може да предизвика недоволен доток на крвта во органите, а посебно е проблем кога нема доволно крв во мозокот, бубрезите и срцето.
При таква ситуација најдобро помага солена вода поради концентрацијата на натриум кој го зголемува крвниот притисок.
Она што е важно да се напомене е дека никогаш не смеете да земате премногу бидејќи вишокот сол не е здрав.
Доволно е да помешате половина лажичка сол во чаша вода и тоа да го испиете.
Наместо тоа можете да користите и спортски напитоци.
Доколку ве мачи нискиот крвен притисок најдобро е да секогаш кај себе да имате малку сол и тоа постојано да ја носите во џеб.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.