Неколку причини зошто секогаш треба да имате пакетче сол во џеб!

Крвниот притисок  било висок или низок е знак на пореметување во организмот. 

Кога е низок, крвниот притисок предизвикува симптоми на вртоглавица, несвестица, замор, мачнина, отежнато дишење, замаглен вид и ладна и влажна кожа.

Кога крвниот притисок е толку низок тоа може да предизвика недоволен доток на крвта во органите, а посебно е проблем кога нема доволно крв во мозокот, бубрезите и срцето.

При таква ситуација најдобро помага солена вода поради концентрацијата на натриум кој го  зголемува крвниот притисок.
Она што е важно да се напомене е дека никогаш не смеете да земате премногу бидејќи вишокот сол не е здрав.

Доволно е да помешате половина лажичка сол во чаша вода и тоа да го испиете.
Наместо тоа можете да користите и спортски напитоци.

Доколку ве мачи нискиот крвен притисок најдобро е да секогаш кај себе да имате малку сол и тоа постојано да ја носите во џеб.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.