Неколку совети за тоа колку бакшиш да оставите во која земја

Убаво е да го наградите келнерот после добра услуга, но дали е тоа баш вообичаено и потребно да го правите во секоја земја? На бакшиот се гледа сосема поинаку во светските земји. Некои ќе се навредат доколку не добијат, додека пак други коишто ќе добијат исто така ќе се навредат.Затоа, за да не погрешите што да направите, еве ви неколку совети:
Франција
Во рестораните и кафулињата обично се дава бакшиш од 10 до 15% од сметката. Се остава на масата. Во хотелите не се остава бакшиш, но се остава во такси, каде обичај е да му дадете 10% од сметката.
Италија
Во рестораните не е задолжително давањето бакшиш. Но, ако сте премногу задоволни, на келнерот секако дека нема да му пречи доколку му оставите бакшиш на масата. Во кафулињата има посебно касички на шанкот. Што се однесува до хотелот, во ред е да ја наградите собарката со 5 евра доколку седите седум дена.
Шпанија
Кога јадете надвор, потрудете се да оставите 10 до 15% повеќе. Не се осмелувајте да оставите неколку центи, бидејќи на тој начин келнерите ќе се чувствуваат навредени. Во такси цената се заокружува на првата највисока цифра од самиот износ.
Турција
Во рестораните оставете барем 10%, бидејќи се смета за непристојно доколку не оставите воопшто. На собарките исто така им се дава бакшиш, а во такси е истиот принцип како и во Шпанија.
Америка
После ручек, вечера или некој друг оброк, оставете бакшиш од 15 до 20% бидејќи платите на келнерите се навистина ниски, и практично, тие живеат од бакшишот. Носачот на багажот заслужува долар до два откако ќе ви го однесе куферот, а собарката исто толку, но, по ден. Во такси оставете 15%.
Кина и Јапонија
Овде бакшишот не постои бидејќи се смета за навреда. Сепак, во туристичките центри може да оставите 10%, а исто така може да ја наградите и собарката. Во Јапонија не оставајте пари, многу е подобро да се раздолжите со скромен подарок.Затоа, за да не погрешите што да направите, еве ви неколку совети:
Франција
Во рестораните и кафулињата обично се

Пронајдете не на следниве мрежи:

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.