Неколку вистини за жените и раскинувањето

Завршувањето на врската е исклучително тежок и емотивен период. Истражување на сајтот YourTango покажало дека на 85% од луѓето им е тешко да го надминат раскинувањето и дека им е потребен период за „лекување на раните“.Но, истото истражување разоткрило и неколку митови и факти за жените и раскинувањето. И покај тоа што е широко распространето сфаќањето дека по раскинувањето жените тагуваат со солзи на очите полнејќи се со колачи и сладолед, истражувањето покажало дека нема многу вистина во тоа.Благодарение на одговорите на околу 1.300 учесници, истражувачите дошле до следниве заклучоци:
Храна за утеха: жените сакаат прво вино, а потоа чоколадо. Иако на филмовите разочараните жени се закопуваат во кофи со сладолед, истражувањето покажало дека првиот избор на жените по раскинувањето е всушност виното. Чоколадото застанало на второто место на листата со храна за утеха, а сладоледот доаѓа на петтото место, по здравата храна и солената храна.

Жените не се дебелеат по раскинување. И покрај грицкањето на чоколадо за утеха, најголем дел од жените не се дебелеат. Напротив, 84% се согласуваат дека раскинувањето е добра можност да си се посветат на себе и на подобрувањето на изгледот. 35% изјавиле дека раскинувањето ги мотивирало да се вратат во фитнес салата или да започнат нова диета. Само 7% од жените изјавиле дека ги покачиле своите килограми по болна љубовна разделба.
Жените му велат НЕ на сексот со бившиот. Дури 81% од учесничките се согласиле дека сексот со бившиот е лоша идеја. Најголем дел од жените сметаат дека ефективни тактики за закрепнување по раскинувањето се поминување повеќе време со пријателите, вежбањето и шопингот.Пријателството со бившиот по раскинувањето не е толку добра идеја. На жените им се потребни неколку месеци за целосно да го заборават бившиот. Всушност, 55% од учесничките рекле дека им биле потребни неколку месеци за да го заборават целосно својот поранешен партнер. Повеќе од 75% се согласиле дека ако некоја чувствува дури и малку љубомора кога ќе го види бившиот со друга на Facebook, тогаш има сè уште чувства кон него. Најдобро е да има физичко, емотивно и дигитално растојание по раскинувањето.Но, истото истражување разоткрило и неколку митови и факти за жените и раскинувањето. И покај тоа што е широко расп

Пронајдете не на следниве мрежи: