Локална нестабилност вчера попладне и во вечерните часови имаше во западните делови од земјата особено во Кичевско, која во вечерните часови се пренесе кон централните делови, но слабееше по интензитет, информира УХМР.Поројниот дожд, како што информираат од Дирекцијата за заштита и спасување на магистралниот пат Кичево-Охрид на местото викано „кај Млинот“ предизвика собирање на вода на места и до висина од половина метар, поради што сообраќајот беше пренасочен кон споредните улици.
Додаваат дека заедно со припадници на противпожарната единица со помош на пумпи е исцрпена водата и за краток временски период сообраќајот е нормализиран.
Според подрачното одделение на Дирекцијата поројниот дожд не предизвикал штети на други објекти освен на две возила кои биле заглавени во водата и биле брзо извлечени. Се работи на отстранување на насобраната кал на тој дел од сообраќајницата.
Дирекцијата ја следи состојбата на терен и доколку има потреба ќе активира и дополнителни сили и механизација за справување со настанатите ситуации.
Појава на кратократен дожд и грмежи имаше и во источните делови од скопската котлина.
Според мерењата на Упрвата најмногу дожд наврнал во Пожаране 13 литри на метар квадратен, Ѓуриште и Крушево со пет, и Маврово, Битола, Тетово и Скопје еден литар на метар квадратен.
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските подрачја е можна изолирана појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. УВ индексот ќе изнесува 8.
За време на викендот ќе биде претежно стабилно и топло, но во попладневните часови можна е изолирана појава на краткотраен дожд во планинските подрачја. Од понеделник попладне ќе настапи позначителна дестабилизација на временската состојба со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во вторник и во среда ќе продолжи да дува засилен северен ветер, проследен со поројни врнежи од дожд, а температурите ќе бидат значително пониски во однос на претходните денови.Поројниот дожд, како што информираат од Дирекцијата за заштита и спасување на магистралниот пат Кичево-Охрид на местото викано „кај Млинот&ld