Раскинувањето не е лесна работа, особено ако сте биле заедно подолго време. Но, некои врски едноставно немаат иднина. Колку повеќе чекате, толку подолго време ќе ви е потребно да го преболите.Не ве прави да се чувствувате среќни. За да бидете среќни, не е потребно тој да биде богат, постојано да ви приредува екстравагантни изненадувања или да ви купува подароци. Ако има желба, еден маж може да ја направи својата партнерка среќна на многу едноставни начини – преку комплименти, романтична вечера на свеќи, една роза или едноставно со изразување на својата љубов. Ако тој воопшто не се обидува да ве направи среќна, тогаш најдобро е да го заборавите и да дозволите некој друг да ја врати среќата во вашиот живот.
Ве навредува. Доколку вашиот партнер ве понижува и постојано ве навредува (особено пред пријатели), тоа може да ја убие вашата самодоверба. Ниската самодоверба влијае лошо на емоционалното здравје и на вашиот начин на однесување. Секое понижување од страна на вашиот партнер не мора да биде проголтано. Заштитете се и ставете му крај. Секоја жена треба да биде ценета од својот партнер.
Агресивен е. За жал, агресивното однесување на мажите не е ретка појава и многу жени страдаат од овој проблем. Секој знак на агресија треба да биде осуден. Ако вашиот партнер применува насилство, во никој случај не треба тивко да го трпите неговото недолично однесување. Дури и тоа да се случува повремено, не треба да ви биде изговор за да верувате дека тој ќе се промени. Излезете од таквата врска, пред да биде предоцна.
Зависник е. Ако вашиот партнер е зависник од дрога, алкохол, порнографија или коцкање и ја одбива вашата помош, тогаш најдобро е да се разделите. Зависниците често ги повлекуваат своите партнери во неволја, не можат да им понудат никаква сигурност и се склони кон лажење и изневера.
Ве изневерува. Многу ретки се жените кои можат вистински да му простат на својот партнер за изневера. Но, уште поретки се мажите кои само еднаш „скршнале“ од правиот пат, ако нивната партнерка веќе покажала милост кон нив. Ако сте на почетокот на врската и дознаете дека тој „седи на две столици“, не двоумете се да ставите крај. Кога тој се осмелува да ве изневерува на почетокот, што останува за понатаму.
Опсесивно љубоморен е и не презема ништо за да се промени. Љубомората е дел од секоја врска. Кога е присутна во мала доза, таа може да го одржува пламенот во врската, но ако премине во опсесија, тогаш може секојдневно да предизвикува кавги, расправии и дури да премине во насилство. Ако вашиот партнер постојано ве контролира, сака да знае за секој ваш чекор и не може или не сака да ја контролира својата „болна“ љубомора, најдобро е да се обидете да му раскинете на мирен начин.
Одбегнува разговори за иднината. Доколку забележите дека ги избегнува важните разговори за иднината на вашата врска и долгорочното планирање, време е да помислите дали тој ве сфаќа сериозно. Можеби за него вие сте само привремена партнерка. Разговарајте за овој проблем и ако не видите докази за неговата промена, преминете кон тажниот план Б – раскинувањето.Не ве прави да се чувствувате среќни. За да бидете среќни, не е потребно тој да биде богат, постојано да ви приредува екстрав