25 години УМС на ВМРО-ДПМНЕ прави разлика, 25 години поставува нови стандарди , 25 години работиме за интересите на младината. Со политиката на ВМРО-ДПМНЕ но најмногу благодарение на нашиот лидер Никола Груевски, денес младите стојат рамо до рамо со младите од Европа, порача претседателот на УМС, Владимир Нелоски.Нелоски во говорот по повод прославата за 25 години УМС на ВМРО-ДПМНЕ, истакна дека во изминатиот период се реализирани многу проекти. Подвлече дека за разлика од некои, УМС создава а не руши.
-Не можат да уништат онолку колку што ние можеме да создадеме, порача Нелоски и додаде дека УМС и понатаму ќе биде моторот на промените во Македонија.
УМС е помеѓу младите, и најдобро знае што му е потребно на секој млад во Македонија.
-Ние не сме салонска организација како други, туку постојано сме на терен затоа што УМС работи 24/7 за доброто на Македонија. И покрај кризата која ја креира СДСМ УМС не дозволи да запре реализацијата на проектите за младите. Ние работевме со силен интензитет и секогаш бевме на браникот на татковината и за интересите на младите. И токму затоа УМС пред неполни 2 месеци го доби 55.000 член на младината што е показател дека сме на прав пат. Нема да отстапиме ќе одиме до врвот, до крај. Тоа го заслужуваат младите кои не паднаа во замките на пленумите, и покажаа дека не потпаѓаат под осмислени сценарија на опозицијата и некои борци за права. Од оваа преполна сала младите порачуваат „НЕ СМЕ НАИВНИ“. Младите ќе го зададат последниот удар на изборите, оние избори кои СДСМ кога тогаш мора да ги прифати, а младите во Македонија ќе ја направат најголемата разлика, порача Нелоски.Нелоски во говорот по повод прославата за 25 години УМС на ВМРО-ДПМНЕ, истакна дека во изминатиот период се реализирани многу проекти. Подвлече дек