Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ синоќа во МОБ го прослави својот 25 роденден.Претседателот на УМС, Владимир Нелоски, пред присутните потенцираше дека тие се генерацијата која на 5 јуни ќе стави печат на сите деструкции и гласно ќе каже во каква Македонија сака да живее.
-Од името на сите претходни, сегашни и идни членови и раководства, од срце ви благодарам на вас кои ја формиравте УМС. Вие сте темелот на оваа силна организација во која младите ја препознаваат својата иднина. И по 25 години ние се водиме од истата идеја, со многу поголема енергија, храброст, чесност и одлучност препознатливи за нас. Одлики кои вие ни ги врежавте во кодот на УМС, на кои особено сме горди што ги поседуваме и секогаш одиме со исправена глава да се соочиме со сите предизвици. Останавме сплотени и единствени покрај се. Денес испишуваме историја, го славиме 25 роденден на нашата унија. Денеска имаме причина повеќе да се гордееме сите ние бидејќи несебично работевме и се уште работиме на ширењето на нашето големо младинско семејство. Доктори, спортисти, инженери, уметници, музичари, историчари, скејтери, бајкери, интелектуалци и многу други се дел од нашето семејство, луѓе кои не знаат за пораз, храбро чекорат водени од идејата на македонската мисла и кауза. Денес ние сме таа генерација која ја води битката на новото време. Ние сме генерацијата која на 5 јуни ќе стави печат на сите деструкции и гласно ќе каже во каква Македонија сакаме да живееме после 5 јуни. Проекти, мерки за млади, можности за успех и развој, врвно образование, олеснување на секое поле за младите, шанса секој млад човек да стои рамо до рамо со сите останати во светот, со што му се обезбедува сигурна иднина. Тоа се работите што ги нуди ВМРО-ДПМНЕ. Унијата на млади сили и нашиот партнер Никола Груевски и целиот тим кои успешно ја водат Македонија. Токму затоа на 5 јуни ќе избереме сигурна иднина и ќе ги оставиме во историјата сите деструктивци, изјави Нелоски.
На вчерашната роденденска прослава УМС ја подели 55.000-тата членска книшка, докажувајќи дека УМС е најголемиот политички подмладок во Република Македонија, на Балканот и многу пошироко во Европа.Претседателот на УМС, Владимир Нелоски, пред присутните потенцираше дека тие се генерацијата која на 5 јуни ќе стави печат на сите деструкции и гла