ВМРО-ДПМНЕ е тука за секој млад човек во оваа земја. За секој еден ученик, средношколец или студент, дипломец, млад брачен пар, талентиран спортист или научник, љубител на културата или математиката. За секој еден кој сака да работи за иднина на земјата.Интегрален текст од прес-конференцијата на која се обрати Владимир Неловски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
Низ сите овие години се преземаа многу проекти кои имаа за цел една иста работа – подобрување на квалитетот на живот на младиот човек и создавање што подобри предуслови за негов развој во Македонија.
Се преземаа проекти од сите области, меѓутоа можеби најважните се оние кои директно придонесуваа за нови вработувања кај младите луѓе. ВМРО-ДПМНЕ посветено и континуирано работи за креирање на нови прокети кои се во добродит и корист за секој млад човек.
Токму затоа во 2013 година се направи Акциски план за вработување на млади сѐ со цел сеопфатен пристап во подобрување на состојбите со младите на пазарот на трудот. Во 2015 година, е изработен нов Акциски план за вработување на млади за период од 2016 до 2020 година.
Во Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност, усвоени се измени во март 2014 година, со кои е овозможено ослободување од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување на млади лица до 29 години во период од 12 месеци. Во периодот од март 2014 година до март 2016 година, односно до завршување на мерката, оваа можност ја искористија 5.540 компании и вработија вкупно 12.186 млади лица.
Беше усвоена новата програма за самовработување со кредитирање за млади лица до 29 години која предвидува на кредитобарателите за оваа намена да им се одобруваат до 7.000 евра, а за секое новоотворено работно место можат да бидат одобрени дополнителни 4.000 евра, при што можат да се финансираат проекти со најмногу 5 работни места, односно до 23.000 евра.
Средствата ќе се одобруваат со каматна стапка од 1% на годишно ниво, со рок на враќање 7 години со вклучен грејс-период од 18 месеци. Вкупно вработени преку оваа мерка се 382 лица во 326 правни субјекти.
Се овозможи Поддршка за прво вработување (практикантство) за млади невработени лица. Целта на оваа исклучително важна мерка е зголемувањето на вработеноста кај млади невработени лица така што тие ќе се влезат подготвени на пазарот на трудот преку нивно вклучување во мерки за практична работа за период од 3 месеци.
Од 2008 до 2015 година преку Програмата се опфатени 2.593 лица при што постигнати се 1.315 вработувања на лица кои ја искористеле оваа мерка. Се субвенционира вработување на деца без родители. За поддршка за вработување на невработени лица кои до 18 годишна возраст имале статус на деца без родители и родителска грижа, се предвидува стимулирање на работодавачите преку обезбедување на плата во висина на минималната плата и тоа: 100% од износот на бруто минималната плата во првите 12 месеци и 100% од износот на минималната плата во нето-износ и 50% од придонесите за задолжителното социјално осигурување пресметани на минималната плата во следните 12 месеци. Покрај овие и уште низа други мерки со кои целта беше, е и останува да биде подоброто позиционирање на младите луѓе на пазарот на трудот, УМС на ВМРО-ДПМНЕ постојано се бори за бенефициите кои младите луѓе ги добиваат во Македонија.
За таа цел, работевме на низа проекти кои имаат одличен ефект и одзив меѓу младите луѓе. Еден од тие проекти е проектот „Слободен четврток“ со кој се овозможи бесплатен превоз за сите студенти секој четврток во месецот во градските автобуси, жичарницата на Водно и железничкиот сообраќај во Република Македонија.
Освен тоа, со одлука на Владата на ВМРО-ДПМНЕ донесена во јуни 2014 година, четврток е ден и кога студентите бесплатно можат да ги посетат театрите и музеите во Скопје но и државата. Проектот започна со реализација 2014 година и продолжува со имплементација.
Со проектот Бесплатен викенд за млади луѓе до 27 години за превоз во железничкиот сообраќај на младите луѓе на возраст до 27 години им се овозможи бесплатен превоз преку железничкиот сообраќај секој трет викенд во месецот односно петок, сабота и недела. Оттогаш, заклучно со ноември 2015 година оваа поволност ја искористиле вкупно 48.758 млади.
Бенефициите од проектот „50% попуст за ученици и студенти во железничкиот сообраќај“ ги искористиле вкупно 64.817 ученици и студенти. Проектот започна со реализација 2014 година а продолжува со имплементација.
Исто така од 2014 година со одлука на Владата е овозможен 50% попуст за младите луѓе до 29 години за влез во театар, музеј, опера, балет и Филхармонија со цел да се поттикнат почесто да ги посетуваат културните институции и манифестации.
За најдобрите во проектот Најдобар млад програмер се обезбедени стипендии за бесплатно студирање на Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство, а имаат можност и да ја претстават Македонија на Балканската и Светската олимпијада по информатика и програмирање. Со оглед на изменетите состојби во младинскиот сектор, како и истекувањето на тековната Национална стратегија за млади (2005-2015), Агенцијата за млади и спорт на почетокот на 2015 година пристапи кон креирање на Национална стратегија за млади за периодот 2016- 2025.
Овој процес опфати учество на повеќе од 500 учесници (млади луѓе, претставници на младински организации и институции) во рамки на 9 приоритетни области: младинско учество, локална младинска работа, младинско информирање, вработување и поддршка пред вработување, култура, образование, спорт и квалитет на живеење. Креирањето на Националната стратегија за млади 2016- 2025 се спроведуваше во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации.
Владата на Република Македонија ја усвои Националната стратегија за млади на почетокот на февруари 2016 година.
Огромно внимание секогаш сме посветувале на многуте реализирани проекти и мерки од областа на спортот и физичкото здравје кај младите, барања за кои секогаш сме имале слух од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Еден од најзначајните проекти е изградбата на спортскитe сали со кој досега изградени и пуштени се во употреба 34 спортски сали, во тек на градба се 3 спортски сали, а извршена е санација и на 2 постојни спортски сали.
Во рамките на проектот 120 тениски терени, од вкупната бројка на планирани тениски терени со сертифицирана тврда акрилна подлога која ги исполнува меѓународните стандарди и правила на Меѓународна тениска федерација, досега изградени се 74 тениски, во тек на реализација се 15 тениски терени, а изградбата на останатите 31 тениски терен ќе се реализира во периодот кој следи.
Со проектот за изградба на 100 повеќенаменски игралишта досега се изградени се 56 вакви игралишта, во тек на реализација се 22, а изградбата на останатите 22 повеќенаменски игралишта ќе се реализира до 2020 година.
Не ги заборавивме ниту фудбалерите. Па така, комплетно е реализиран и проектот Изградба на 50 фудбалски игралишта. Започна и изградбата на затворен пливачки базен во Охрид со стандардни димензии 25 м ширина и 33 м должина. Рокот за реализација на проектот е до 2018 година.
Филхармонија со цел да се поттикнат почесто да ги посетуваат културните институции и манифестации. За најдобрите во проектот Најдобар млад програмер се обезбедени стипендии за бесплатно студирање на Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство, а имаат можност и да ја претстават Македонија на Балканската и Светската олимпијада по информатика и програмирање.
Со оглед на изменетите состојби во младинскиот сектор, како и истекувањето на тековната Национална стратегија за млади (2005-2015), Агенцијата за млади и спорт на почетокот на 2015 година пристапи кон креирање на Национална стратегија за млади за периодот 2016- 2025.
Овој процес опфати учество на повеќе од 500 учесници (млади луѓе, претставници на младински организации и институции) во рамки на 9 приоритетни области: младинско учество, локална младинска работа, младинско информирање, вработување и поддршка пред вработување, култура, образование, спорт и квалитет на живеење.
Креирањето на Националната стратегија за млади 2016- 2025 се спроведуваше во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации. Владата на Република Македонија ја усвои Националната стратегија за млади на почетокот на февруари 2016 година. Огромно внимание секогаш сме посветувале на многуте реализирани проекти и мерки од областа на спортот и физичкото здравје кај младите, барања за кои секогаш сме имале слух од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Еден од најзначајните проекти е изградбата на спортскиte сали со кој досега изградени и пуштени се во употреба 34 спортски сали, во тек на градба се 3 спортски сали, а извршена е санација и на 2 постојни спортски сали.
Во рамките на проектот 120 тениски терени, од вкупната бројка на планирани тениски терени со сертифицирана тврда акрилна подлога која ги исполнува меѓународните стандарди и правила на Меѓународна тениска федерација, досега изградени се 74 тениски, во тек на реализација се 15 тениски терени, а изградбата на останатите 31 тениски терен ќе се реализира во периодот кој следи.
Со проектот за изградба на 100 повеќенаменски игралишта досега се изградени се 56 вакви игралишта, во тек на реализација се 22, а изградбата на останатите 22 повеќенаменски игралишта ќе се реализира до 2020 година. Не ги заборавивме ниту фудбалерите.
Па така, комплетно е реализиран и проектот Изградба на 50 фудбалски игралишта. Започна и изградбата на затворен пливачки базен во Охрид со стандардни димензии 25 м ширина и 33 м должина. Рокот за реализација на проектот е до 2018 година.
Не помалку важна од иницијативата за нови факултети и универзитети е и значително намалената партиципацијата за студирање на сите државни универзитети, мерка која најдиректно влијае на стандардот на студентите, односно нивните родители.
Постојано работиме на комплетирање на она што и недостасуваше на Македонија во изминативе децении – денес на студентите им е обезбеден пристап до стручна литература која претходно никогаш не била преведена на македонски јазик. Реализиран е проектот за превод на „1000 стручни и научни книги“ од кои се учи на најпознатите универзитети во светот.
Денес студентите добиваат и реална соодветна практична настава која на многу факултети беше мисловна именка. Вака подготвени, имаат многу подобра позиција кога утре ќе го завршат образовниот процес и ќе излезат на мегдан со сите животни предизвици пред себе. Но нашата борба за младите не завршува тука. Ниту со крајот на студирањето, ниту со вработувањето, мерки за кои зборував на почетокот.
Проектот „Купи куќа за млади“ кој е дел од последниот сет од 40 проекти презентирани во само 2 месеци, е најдобар показател дека за нас е особено важен статусот на младите луѓе, на иднината на Република Македонија. Со помош на овој проект се овозможуваат исклучително поволни услови за младите луѓе да се стекнат со свој сопствен дом, кој е клучниот предуслов за создавање на семејство.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ не ветуваат нереални проекти. Ветуваме и реализираме идеи кои се многу реални, многу корисни за младите луѓе и кои се случуваат сега и денес, а не некогаш односно никогаш, како што беше случајот во времето кога оние кои требаше да водат сметка за нас, заборавија дека постоиме. Такви се и најновите 40 проекти, од кои неколку веднаш започнаа да се реализираат.
Па така, денес сите редовни студенти на државните факултети го користат бесплатниот превоз во јавниот сообраќај, мерка која најдиректно придонесува со уште една нијанса за подобрување на стандардот меѓу генерацијата која е иднина на оваа земја.
Од почнување на реализацијата на овој проект 01.01.2016 заклучно со вчерашниот ден 15130 студенти извадиле картичка за бесплатно користење на јавниот превоз во Скопје. 15130 студенти заштедиле од својот Буџет 12 000 денари годишно.
Оние кои допрва ќе бидат студенти, средношколците, се стимулирани да го развиваат својот светоглед преку поголема активност во културно-забавниот живот, па затоа се изборивме за мерката со помош на која во секоја среда можат бесплатно да ги користат театрите, кината, музеите и жичарата на Водно.
Од најновиот сет мерки веќе во тек се и бесплатните обуки за млади за странски јазици и основни Ај-Ти вештини, а двојно се прошири и опфатот на мерката „Бесплатен железнички викенд за млади до 27 години“, прку која секој млад човек до 27 години секој прв и трет викенд може да го искористат бесплатниот железнички сообракај.
Сепак, ова е премалку од набројаното во однос, на сето она што го имаме направено за младите. Ние сме генерацијата која доаѓа и затоа ВМРО-ДПМНЕ се грижи овие млади луѓе што е можно подобро да инвестираат во самите себеси и да се грижат подоцна за иднината на нашата земја Македонија.Интегрален текст од прес-конференцијата на која се обрати Владимир Неловски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
Низ сите ов