Српскиот претседател Томислав Николиќ ги демантираше тврдењата дека ќе има помилување на синот и сопругата на поранешниот југословенски претседател Слободан Милошевиќ, пишува српски „Блиц“. „Такво нешто засега не е во план. Доставено е само барање за помилување од неополномоштени лица, кое нема правна вредност“, изјавија за весникот претставници на кабинетот на претседателот.
И покрај сомневањата дека сопругата на Милошевиќ, Мира Марковиќ и неговиот син, Марко Милошевиќ живеат од пари, кои ги изнеле од Србија во ’90-те години од минатиот век, финансиската истрага против нив се уште не е завршена.
Според адвокатот Божо Прелевиќ, поранешен помошник-министер за внатрешни работи од Демократската опозиција на Србија (ДОС), ниту една посериозна истрага против семејството Милошевиќ и нивните најблиски соработници не е завршена. Според него за сето тоа се одговори поединечни луѓе од ДОС, кои зеле пари за да ги стопираат процедурите.
„Процесот против Борка Вучиќ, кој беше идеен творец на изнесувањето пари од Србија и покрај тоа што беше покренат уште од претходната Влада се уште не е завршен. Доколку овој процес завршеше ќе се дознаеше од му каде се парите на семејството Милошевиќ“, изјави адвокатот за „Блиц“.
Мира Марковиќ и Марко Милошевиќ се под истрага од српското обвинителство за организиран криминал за шверц за цигари во ’90те години и во врска со оваа истрага е издадена меѓународна потерница за апсење на Марко. Против Мира Марковиќ исто така е издадена потерница за апсење, поради тоа што не се појавила пред суд во процесот за незаконско делење станови од Фондот на Србија, започнат уште во 2001 година.
Сопругата и синот на Слободан Милошевиќ имаат статус на бегалци во Русија. „Такво нешто засега не е во план. Доставено е само барање за помилување од неополномоштени лица, кое нема правна вредност“, изјав