Комисијата за економија и финансии на ВМРО ДПМНЕ ОК Битола сака да потенцира дека при користењето на средствата од европските предпристапни фондови во Македонија, не се констатирани злоупотреби – констатација која произлегува од она што е напишано како препорака во извештајот на Европскиот суд на ревизори.
Досега во многу наврати беше истакнувано дека постојат проблеми во искористувањето на средствата наменети од Инструментот за предпристапна помош – ИПА, и тоа од повеке страни вклучувајќи ја опозицијата, медиумите, граѓанскиот сектор. Пратениците од опозициската СДСМ истакнуваа дека покрај ниското ниво на искористеност на средствата, Македонија ќе биде исправена и пред можен корупциски скандал. Приказната за злоупотреба на средствата од ИПА фондовите почна да се шири откако поранешниот посредник во меѓупартиските преговори Питер Ван Хауте, изјави за наводни сознанија дека 40 проценти од парите на ИПА-фондовите биле користени на незаконски начин. На што тогашниот вицепремиер Фатмир Бесими изјавил дека доколку се констатира било каква злоупотреба, секој што бил дел од тоа, треба да сноси одговорност.
За Македонија од посебна и исклучителна важност е да се потенцира дека Европските ревизори не нашле криминал во користењето на средствата од ИПА-фондовите во Македонија.
При користењето на средствата од европските предпристапни фондови во Македонија не се констатирани злоупотреби, потребно е само повешто користење на овие инструменти за националните власти да ги направат неопходните реформи.
Ова е наведено како препорака во Извештајот на Европскиот суд на ревизори,по спроведената истрага од страна на Европската канцеларијата надлежна за истраги повразни со измами при Европската Комисија.
Во периодот од 2007-2013 година, искористеноста на средствата од ИПА1 изнесува 61,8 отсто. Во периодот на 2014-2020 година, Македонија треба да се погрижи да ги искористи средствата во поголем процент од ИПА2, властите да се посветат на борбата против корупцијата и јавните набавки, и дека оваа шанса да се добие подобра јавна администрација.
Досега во многу наврати беше истакнувано дека постојат проблеми во искористувањето на средствата наменети од Инструментот за предпристапн