Нема лек за него: На „Детето-змија“ му се лупи кожата по целото тело!

Станува збор за еритродерма или синдромот на „црвениот човек“. Доколку на секој час не се потопи во вода и не се намачка со хидратантна крема, 16-годишниот Ари нема да може да мрдне.Тинејџерот од Индонезија го нарекуваат „детето-змија“, поради необичната болест од која секој втор ден му се лупи кожата на телото.
Ари Вибово (16), на секој час мора да се нурне во вода и да се мачка со хидратантна крема, бидејќи ако му се стврдне кожата, тој нема да може да мрдне од пресилните болки.
Лекарите од Индонезија велат дека не можат да ја лекуваат неговата болест.
-Навистина е тажно за гледање. Целото тело му е прекриено со лушпи, како да изгорел од глава до пети, изјави фотографот Анхари Лубис, кој го фотографираше момчето.
И покрај тешката состојба, родителите на Ари се обудиваат да му овозможат нормален живот. Но, нивните обиди ги отежнуваат злобните коментари и реакциите на суровата околина.
Поради болеста не му е допуштено да оди во школо, бидејќи луѓето поради незнаење стравуваат дека болеста е заразна.
Некои луѓе ја обвинуваат неговата мајка дека за време на бременоста мачела гуштери, што според некои индонезиски верувања е причината поради која родила дете со кожна болест.
Тинејџерот од Индонезија го нарекуваат „детето-змија“, поради необичната болест од која секој втор ден му се лупи кожата на телото.

Пронајдете не на следниве мрежи: