Нема повеќе изговори! Слатките нема да ви го поправат расположението ниту да ве утешат!

Тешењето со храна како метод за борба против тагата или стресот  е преценета, порачуваат американски експерти кои утврдиле дека „позитивниот“  учинок  на внесување на слатки  калорични бомби  е многу ограничен и краткотраен и не се разликува од внесувањето на други  видови храна.Според резултатите од истражувањето на научниците од  универзитетот во Минесота  расположението подеднакво ќе се подобри  и по парче благо и по грицки од житарици, па дури и во случај ништо да не изедете расположението веројатно само од себе ќе се подобри.
„Луѓето веруваат дека калоричната храна е пат  за излез од тешки емоции“, вели Кели Д.  Бровнел, деканка на факултетот за здравствена политика која не била вклучена во истражувањето.
Во рамките на истражувањето 100 испитаници бирале храна за која веруваат  дека би им го поправила расположението и храна за која веруваат дека  би ги онерасположила. По тоа биле изложени на агресивни, тажни или тешки сцени од филмови.
Преку анкети било испитано нивното  расположение  по тие сцени. На дел од испитаниците им била понудена храна, како онаа која ја одбрале  како храна која ќе ги утеши, така и онаа  за која мислеле дека ќе ги онерасположи. Не била воочена разлика, како ниту во таа група испитаници кои не добиле храна.
Во рамките на истражувањето на испитаниците повремено им била понудена храна како благодарност за учество во испитувањето. Веднаш потоа повторно било испитано нивното расположение. сите се чувстувавле добро и немало разлика помеѓу групите кои јаделе храна за утеха или некоја друга храна. А дури и оние кои не добиле никаква храна за благодарност  се чувстувале добро.Според резултатите од истражувањето на научниците од  универзитетот во Минесота  расположението подеднакво ќе се подобри  и по парче

Пронајдете не на следниве мрежи: