По минатонеделната најава на специјалното јавно обвинителство дека ги истражува случаите „Монструм“ и „Дива Населба“, обвинетите за тероризам покажаа дека не го почитуваат судот и побараа да им судат нови судии. Судењето за терористичкиот напад во Kуманово вчера во Kривичниот суд – Скопје беше прекинато откако 37 обвинети во случајот „Дива Населба“ го бојкотираа Судот, а адвокатите на обвинетите побараа од Судискиот совет да ги повика како сведоци во Судот Никола Груевски, Сашо Мијалков, Али Ахмети и Артан Груби. Адвокатите уште на претходното рочиште побараа да бидат изземени членовите на Судискиот совет на чело со судијката Верка Петковска, но и претседателот на Kривичниот суд, Стојанче Рибарев и претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, пишува ДНЕВНИК.Откако судијката Петковска соопшти дека истите обвинители и истиот Судски совет ќе продолжат да постапуваат во предметот, почнаа тензиите во судницата, а специјалната полиција беше на штрек за да не се случи инцидент.
Обвинетите поединечно, без да бидат прозвани, почнаа да зборуваат и да довикуваат, па беа отстранети од судницата. Тие довикуваа дека судот не сака да ја чуе вистината и дека сите нивни предлози се одбиени за да не се најдат организаторите на случувањата во „Дива Населба“. Не помогнаа ниту укажувањата на судијката Петковска дека напуштањето на судењето е на нивна штета.
– Тоа што го напуштате судењето е на ваша штета. Место да барате да излезете надвор, можете да останете овде и да ја следите постапката во која може да учествувате и вие. Јас с` уште не сум се произнела за сите ваши предложени докази. Со вакво однесување и непочитување на судот не ми останува ништо друго, освен да ве отстранам – им појасни судијката Петковска на обвинетите.
„Неправда е ова што ни се случува две години, но денеска додека нема правда, нема да има мир“, „Вие сама го правите ова. Зошто не ги повикате сведоците, зошто не сакате да излезе вистината на виделина“, „Немам што да зборувам пред овој суд. Сакам да излезам“, „Јас ќе седам ако ги донесете во судница организаторите“, „Не ми е криво за мене и за казната која ќе ми ја дадете, криво ми е за починатите од двете страни. Треба процесот да биде потранспарентен и да се дознае вистината“, беа само дел од исказите на обвинетите кои судијката не сакаше да ги дослуша и наредуваше полицијата да ги изнесе од судницата.
Судијката со повисок тон постојано предупредуваше дека с` уште нема одлучено за предлозите на одбраната и дека обвинетите треба да останат во судница за да слушнат што ќе се случува понатаму.
– Има луѓе што ги интересира што ќе се случува. Вие ме бојкотирате, а с` уште се немам произнесено по вашите предлози – посочуваше судијката.
Откако речиси сите обвинети беа отстранети од судницата, судијката ги одби предлозите на одбраната за сослушување нови сведоци, но одбраната повторно побара изземање на Судискиот совет поради роднинска врска на сопруга на еден од обвинетите со судија-поротник од советот кој го суди процесот. Судијката го одби и ова барање бидејќи адвокатите не кажаа ниту име на лицата кои се во роднинска врска, ниту, пак, каква е сродството меѓу нив.
Судењето заврши со бојкот од обвинетите и казна од 1.200 евра за адвокатот Шасивар Исеини, кој освен изречената казна од судот, ќе треба да ги надомести трошоците за денешното судско рочиште кои изнесуваат околу 40.000 евра.
Судењето по ова беше прекинато, а следното е закажано за утре.
Еднаш веќе се заканија со бојкот на судењето
Ова е вторпат судењето да биде прекинато откако на почетокот на судскиот процес во февруари лани, дел од адвокатите ја напуштија судницата. Tогаш адвокатите Насер Рауфи, Бујар Дарлишта и Мефаил Арслани го напуштија судењето бидејќи судот не им обезбедел, како што велат „фер и коректни услови за судење“. Тројцата демонстративно ја напуштија судницата со образложение дека на роднините на обвинетите не им било овозможено да бидат во судницата. Судот поради тоа ги казни тројцата адвокати со по 1.200 евра поради навреда на судот, нарушување на редот во судницата, непридржување до наредбите на претседателот на Советот и оневозможување услови за одржување главна расправа. Освен тоа, судот одлучи адвокатите Рауфи и Дарлишта да ги платат трошоците за целата денешна постапка бидејќи поради нивното напуштање на судницата мораше да се одложи рочиштето, односно обвинетите што тие ги бранат останаа без адвокат. Спроводот на 29 обвинети од затворите во земјава, како и обезбедувањето од МВР, кое ги ангажира специјалните единица и хеликоптерите изнесува од 35.000 до 45.000 евра, кои ќе треба да ги платат Рауфи и Дарлишта.
Поради тоа нивните колеги се заканија дека ќе го бојкотираат продолжението на судскиот процес ако Основниот суд Скопје 1 не обезбеди соодветни услови, но тие сепак, се појавија на следното рочиште кое се одржа исто така без роднините на обвинетите.Откако судијката Петковска соопшти дека истите обвинители и истиот Судски совет ќе продолжат да постапуваат во предметот, почнаа тензиите во судниц