Нема преживеани по падот на рускиот авион Ербас А321!

Иако претходно беше најавено дека се случаат крици од урнатиот авион Ербас А321, според најновите информации, наведено е дека нема преживеани по падот.Извори од египетската служба за безбедност за германската ДПА изјавија дека ниту еден од 224-те патници и членови на екипажот не го преживеале падот на рускиот патнички авион на полуостровот Синај во Египет, во близина на територијата која ја контролираат терористите.
Авионот летал на релација Шарм ел Шеик кон Санкт Петерсбург и во 23. минута од полетувањето, беше изгубен секаков вид контакт со пилотот.
Авионот бил распаднат на два дела, од кои едниот дел бил запален, а другиот удрил директно во голема карпа. Голем дека од патниците биле пронајдени заврзани со појасите за седиштата.
Русија прогласи Ден на жалост на 1 ноември, а загрижените семејства на патниците ги добиваат најновите информации на аеродромот во Санкт Петерсбург.Извори од египетската служба за безбедност за германската ДПА изјавија дека ниту еден од 224-те патници и членови на екипажот не го преживеале падо

Пронајдете не на следниве мрежи: