Кога ја слушнав веста за избор на нов претседател на САД мислев релаксирано да го поминам денот, бидејќи како што многу луѓе се определуваат, така и јас цело време бев за Трамп. Тоа беше пријатна вест или како што викаат Американците „made my day“, или ми го направи денот поубав.Но, одеднаш почна неверојатна кампања од страна на подржувачите на Хилари, кои откако се опoравија од првобитниот шок на нејзиниот убедлив пораз, почнаа да делат совети и да искажуваат мислења, кои се однесуваат на приврзаниците на Трамп, како тие да се дојдени од друга планета. Така кандидатот на СДСМ од редовите на „Коалицијата со граѓани”, Стево Пендаровски објаснуваше дека во надворешната политика на САД ништо немало да се смени, без оглед на тоа кој победил. Не знам што сака да постигне со тоа, но делува како атак на интелектуалните способности на граѓаните, кои знаат малку повеќе што ќе се случува со надворешната политика.
За да не должам многу најинтересен беше постот на така наречениот Влатко Васиљ, кого го викаат и „Васе Дискрецијa” затоа што, како што можевме да прочитаме на порталите работел две кампањи на опозицијата во дискреција, но подоцна се дознало за тоа. Првата била за последните локални избори, кога наводно го ангажирала Наташа Савова, а втората за изборите во 2014, кога опозицијата претрпе дебакл.
Е сега тој Влатко Васиљ напишал на фејсбук, не дека ги следел кампањите и изборите во САД, ама не му било јасно зошто ДПМНЕ слави за Трамп? Имаат некоја поврзаност или онака се билдаат? Дека Трамп ќе биде другар со Путин, а Путин е со Србија, а Србија со ДПМНЕ, па ДПМНЕ ќе биде со Трамп и све ќе биде демек нормално? Дали имало некоја друга побанална причина? Сериозно, тој не ја гледал поврзаноста и причините за еуфорија, па бара да му објасни некој што е поупатен?
Не знам дали сум од тие поупатените, ама ќе се обидам преку овој текст да му објаснам. Не знам на кој начин ги следел тој кампањите, но само пред неколку дена излезе материјал со содржина на мејловите на Хилари Клинтон. Жулијан Асанж цело време тврдеше дека ќе ги објави материјалите и го стори тоа во формат на една поголема книга. Не можејќи да останат рамнодушни на тоа и ФБИ објавија материјали од службените мејлови на Хилари, кои неовластено и спротивно на законот ги разменувала на приватната електронска пошта. Во сите тие материјали може да се прочита дека Хилари тесно соработувала со Џорџ Сорос и неговото Open Society. Сорос финансирал поголем дел од нејзината кампања. Комуникацијата на Сорос одела преку неговиот специјален советник Јонас Ролет. Всушност оваа соработка спрема мејловите траела повеќе од пет години, уште додека Хилари била државен секретар, а Сорос ги влечел конците на американската надворешна политика. Може да се прочита дека за оваа кампања Сорос и донирал седум милиони долари. Во разговорите бил вклучен и шефот на кампањата на Хилари, Џон Подеста кој изјавил дека е поважно донорот да се почувствува „среќен”, одколку што ќе се случи на денот на изборите. Во постарите мејлови пак, Сорос пишува за повеќе протести кои ги организирале неговите луѓе во други држави, како што е тој во Тирана, во кој имало и три жртви. Јас под следење на кампања ги подразбирам и овие работи.
Од овој текст веројатно на „популарниот” Васиљ ќе му стане јасно дека такви морбидни активности се организирани и на територијата на Македонија и дека за тоа се префрлени многу валкани пари преку офшор компаниите на Сорос во oрганизацијата Oтворено Општество Македонија. Бргу ќе сфати дека обуките што ги вршел за некои невладини организации, наскоро ќе снемаат средства за ислаќање на дебели хонорари.
Џорџ Сорос најверојатно тоа ќе треба да го објасни пред институциите на системот во САД, бидејќи му нанел директна штета на актуелниот американски претседател Доналд Трамп. Ќе треба да објасни и за организирање и финансирањето на протестите во Луисвил во САД, каде што загинаа многу афроамериканци и се зголемија етничките тензии, како никогаш досега. Тоа беше сериозен удар врз демократијата со која Соединетите држави толку се гордеат. Може многу да се пишува за ова, но само ќе спомнам дека поради наметнувањето на хегемонијата на овој финансиски магнат, можеше да дојде и до Трета Светска војна, што до вчера беше тема број еден во сите медиуми. Имено доколку некој се спротивставува на намерите за владеење со светот, од страна на финансиската елита, која таа ги спроведува со помош на декаденција во сите држави каде тоа и успева, тогаш „нивниот“ претседател ќе мораше да го употреби и нуклеарниот потенцијал.
Затоа ДПМНЕ (како што пишува тој) нема никаква поврзаност со Трамп, освен десната ориентираност, а знаеме дека десните политички партии соработуваат во цел свет, како и левите. Ниту пак Трамп има некаква поврзаност со Путин и виртуозните претпоставки на Васиљ за поврзаноста на Путин со Србија, а пак најмалку поврзаноста на Србија со ДПМНЕ. Тоа се обиди да ја омаловажи владејачката партија за која, иако тој беше пуштен низ вода од СДСМ, ќе победи на предстојните избори на 11 декември, поубедливо одколку што и самата се надева. Напротив, човекот што го зема добитното место (кое можеби ќе му припаднеше на Васиљ) Ферид Мухиќ, не ги признава ни Србите ни Хрватите, ниту пак нивните идентитети. Тој се радикализира до таа мера што станува нејасно дали тие радикални ставови, кои можат да доведат до дестабилизација на државата, се само негови или и на партијата која го предлага.
По изборот на Трамп, точно е дека нема да дојде до некои драстични промени во надворешната политика, но ќе дојде до сериозно релаксирање во меѓународните односи. Трамп изјави дека не го знае Путин, но дека треба да се разговара со Русија, како голема сила, за да се решат конфликтите во повеќе региони во Европа и во Азија. Обоените револуции се нешто што се случуваше off the record или неофицијално, но сите знаат дека тие беа организирани од Сорос, Канвас и некои структури на тајните служби, што во мандатот на Трамп нема да се случува. Предпоставувате на кого му одговара тоа, а на кого не.
Целата болумента на невладини организации во Република Македонија, кои наместо со градење на граѓанско општество сакаат да се занимаваат со политика, како што видовме сите во минатата недела, ќе се сруши како кула од карти.
Инаку, Трамп беше против американската инвазија на Ирак, за која се покажа дека била неоправдана, тврдејќи дека Ирак ќе се распадне по заминувањето на американците. Беше и против предизвикување на војната во Сирија, затоа што сега Башар ал Асад ги брани нивните интереси против исламската држава.
Конечно, неговото „Make America Great Again“ или „Да ја направиме Америка повторно голема“, зборува дека таму треба да се променат многу работи, бидејќи демократите со своите постапки на светски полицаец, го имаат сериозно намалено угледот на државата, а на домашен план целосно ги имаат запоставено човечките вредности на сметка на глобализацијата. Некои луѓе оваа победа ја сметаат како спас не само на САД, туку и на светот, бидејќи имаше сериозна опасност да го изгубат приматот во светот и да паднат во посериозна криза, што може да предизвика употреба на нуклеарна сила со несогледиви последици. Да не заборавиме дека тој е човек со огромен претприемачки дух што е особено важно за економијата.
Александар ДаштевскиНо, одеднаш почна неверојатна кампања од страна на подржувачите на Хилари, кои откако се опoравија од првобитниот шок на нејзиниот убедлив пораз, п