Нема проблеми од денешните врнежи во Сингелиќ и Стајковци

Поради обилните врнежи во тековниот ден, градоначалникот на општина Гази Баба Тони Трајковски со претставници од ЈП Водостопанство „Скопско поле“ и дел од општинската адинистрација излегоа на терен во населените места Сингелиќ и Стајковци, каде констатираа дека каналската мрежа функционира непречено.Од увидот на лице место кои го направија може да се види дека жителите од овие населени места немаат поголеми проблеми од денешните врнежи од дожд.
Во населеното место Инџиково, ЈП Водовод и канализација со дополнителни пумпи работат на одведување на атмосферските води.Од увидот на лице место кои го направија може да се види дека жителите од овие населени места немаат поголеми проблеми од денешните врнежи од дожд.

Пронајдете не на следниве мрежи: