Нема раце, а прави многу работи кои многумина ниту со рацете не знаат да ги прават

Џесика Кох (32) со нозете  прави апсолутно се- вози автомобил, пишува, готви, лета, и сама се облекува… Единствено околу  што ѝ треба помош е фризурата. Тука настапува нејзиниот сопруг.Американката Џесика Кох е родена без раце. Но тоа не ја спречило да ги извршува секојдневните обврски  па  ни да научи да управува со авион.
Како девојче носела и протетички раце. Сега потполно се потпира на нозете. Со нив прави  буквално се.
„Ништо не може да ги замени способностите на мускулите и  коските, а моите нозе ја имаат таа способност“, вели Џесика.
Пред пет години станала прва жена пилот која добила пилотска дозвола откако го пложила испитот со нозете. Со тоа постигнување  влегла во Гинисовата книга на рекорди. Ѝ биле потребни три години, три различи авиони и инструктори.
Исто така прва е во освојување црн појас во таеквондо кој ѝ го додоелил американскиот таеквондо сојуз. На 30 години се омажила за Патрик Чемберлеин кој ѝ бил тренер и докажала дека физичкиот инвалидитет нема да управува со нејзинит живот. Автомобил вози без никакви помагала и свири на клавир.
„Луѓето веднаш помислуваат дека не можам да го правам тоа бидејќи немам раце. Но го докажав спротивното. На три години  тренирав гимнастика, на 6 танц. Се занимавав со  моделинг, на пет години научив да пливам, а на 10 почнав да одам  на тренинг по таеквондо. Се занимавав со сите  активности  кои  можете да ги замислите“, вели таа.
Сопругот ѝ е голема поддршка во се. Единствено за што ѝ терба помош е за средување на косата.
„Патрик знае да ми врзе високо репче, да ми направи пунџа и плетенка“, се пофалила Џесика.Американката Џесика Кох е родена без раце. Но тоа не ја спречило да ги извршува секојдневните обврски  па  ни да научи да управува со ави

Пронајдете не на следниве мрежи: