Анонимен маж од САД е толку очајен што побарал помош на психотерапевката Памела Стефансон Коноли, специјализирана за сексуално пореметување.Ова е неговата исповед
– Мојата жена е слепа. Тоа што ме мачи е што не можам физички да се поврзам со неа. Неодамна отидов кај еден сексуален советник, а тој ми рече да мастурбирам, но чувствувам некоја вина кога тоа го правам. Жена ми и јас не сме имале секс дури 8 години, а јас имам нормални машки нагони. Чувствувам дека повеќе не можам да живеам така . Ја сакам, но не можам физички да бидам со неа. Тоа негативно влијае на нашата врска. Станав толку опседнат со сексот што почна да влијае на мене.
Ова е советот на психотерапевката
– Бидете поблаги кон себе. Постојаното очајување не е начин на кој би требало да живеете. Вие сте само човек и мора да пронајдете начин да ги исполните своите потреби Ако идејата за мастурбација ви пречи, имајте на ум дека тоа во умерена доза е здрава и целосно прифатлива. Јасно дека квалитетот на вашиот живот е нарушен кога не сте во можност да имате физичко задоволство и ослободување. Вие сте во позиција кога морате да се грижите за некого, а таа промена во вашиот однос е својствен облик на губиток кој често води до депресија.
Ако не го задржите физичкото и психичкото здравје, нема да можете да бидете корисни ни за својата жена. Вежбајте, обидете се да медитрате и да практикувате јога за да го ублажите стресот и да ја намалите сексуалната опседност. Обидете се да пронајдете некој спорт во кој ќе се поврзете со другите луѓе.Ова е неговата исповед
– Мојата жена е слепа. Тоа што ме мачи е што не можам физички да се поврзам со неа. Неодамна отидов