Немате доволно енергија и нерасположени сте: Копривата ќе ви помогне!

Пролетта ни тропа на врата и поголемиот дел од нас се чувствуваат слабо и безволно. Бројните благотворни дејства на копривата за здравјето на човекот се добра причина да ја искористите сезоната на копривата и да уживате во доброто здравје, а со самото тоа и во доброто расположение.Копривата е познато како сјајно средство во борбата против алергиите, но е феноменална и кога ви е потребна енергија.
Копривата спаѓа во групата најкорисни лековити билки. Сите нејзини делови – стеблото, листот, коренот и цветот имаат лековити својства.
Копривата е најдобра билка за чистење и подобрување на крвната слика. Позитивно делува и на панкреасот, а помага и при снижување на шеќерот во крвта. Лекува воспаленија на уринарните патишта, ја прочистува крвта и ја стимулира работата на цревата.
Делува позитивно на кожата и го чисти лицето од акни. Ја дезинфицира усната шуплина и лекува инфекции во устата и гингивата. Затоа се препорачува како дел од пролетното чистење на организмот.
Чајот од коприва се користи при лекување на болести на црниот дроб и жолчката, при пореметување на сонот, кај карцином на слезината, при грчеви во стомакот, чиреви, болести на белите дробови. Помага и кај вирусни и бактериски инфекции.
Кога ќе допрете коприва, низ вашето тело ќе се распрснат милиони мали електрични ударо. Таа енергија ви е достапна и ако пиете чај од коприва.
Тогаш, помогнете му на организмот со консумирање на чај од коприва!

Пронајдете не на следниве мрежи: