Немате среќа во љубовта а ни пари? Ѕвездите ви советуваат да ја набавите оваа амајлија

Немате среќа во љубовта а ни пари? Еве која е амајлијата за вашиот знак…Астролозите порано верувале дека драгите камења имаат магични моќи. Но, има вистина во тоа дека одредени камења зрачат со одредена енергија особено ако се поврзани со вашиот хороскопски знак. 
Пронајдете го вашиот драгоцен камен според хороскоп:
1.Овен-Дијамант
Бидејки вашите каратеристки се нетрпеливост, тврдоглавост, дрскост и агресивност овој камен ќе ви даде некој баланс. Се смета за најмоќна амајлија, симбол на среќата и верноста во љубовта, па затоа се подарува за веридба и венчавка. Дијамантот е најбараната амајлија која успешно заштитува од секакво зло. 
2.Бик-Смарагд
Смарагдот е еден од најубавите скапоцени каменчиња. Највлијателен е за родените во знакот на Бик. Неговата кристално зелена боја ќе ти влее мир, надеж и љубовни чувства. Има лековито дејство на видот, помнењето и нервите.
3.Близнаци-Турмалин кварц
Тој е одличен заштитник. Внесува рамнотежа и внатрешна сила. Ја зголемува концентрацијата и меморијата. Го јакне имунитетот, помага при дислексија, артритис и болки во 'рбетот. Создава рамнотежа на негативните мисли ги претвора во позитивни. Ја засилува енергијата на телото против надворешните неповолни влијанија и формира заштитен штит околу телото.
4.Рак-Месечев камен
Овој камен е амајлија за родените во знакот на Рак. Има сини тонови за кои се смета дека носат среќа, а посебно на заљубените. Месечевиот камен ја зголемува женската енергија, чувствителноста, интуицијата, психичките способности. Поврзан е со сите видови љубов. Позитивно делува на хипофизата, цревниот систем, дебелината, при задржување на течност во организмот, хормонски пореметувања, менструални проблеми. 

 
5.Лав-Килибар 
Килибаротот е корисен за родените во знакот на Лав, а неповолно влијае на Биковите. Со векови се верувало дека килибарот во себе носи мистична енергија и лековити својства. Поради ова својство тој го привлекува и собира електрицитетот околку себе. Ако носиш синџирче од зрна килибар ќе те заштитува од болест.
6.Девица-Гранит
Гранитот е прекрасен камен со црвена или розова боја и одговара на родените во знакот на Девица.Тоа е каменот на романтичната љубов и страста. Ја зголемува нежноста, сензуалноста и блискоста. Поттикнува позитивни мисли и ја зголемува енергијата. Ја зголемува самодовербата и успехот во кариерата. Заштитува од зло и исцелителски делува на срцето, крвта, циркулацијата и белите дробови. Ги засилува коските и кожата.
7.Вага-Опал
Овој скапоцен камен со својот прекрасен шарен изглед им дава надеж и спокојство на родените во знакот на Вага и Бик. Опалот ја поттикнува фантазијата и креативноста. Ќе ти помогне да се ослободите од стегите и ќе ти ја зголеми меморијата. Ќе ти донесе убави и среќни соништа. Го олеснува процесот на промени. 
 
8.Скорпија-Рубин
Рубинот предизвикува целовитост, предаденост и среќа. Ја зголемува великодушноста и носи благосостојба и романтична љубов. Заштитник е на домот, имотот и психата. Тоа е камен со голема енергија и исцелителска моќ. 

 
9.Стрелец-Тиркиз
Тиркизот ја симболизира љубовта и богатството. Индијанците го сметаат за свет камен поврзан со времето. Ја поттикнува искреноста и комуникацијата на срцето. Штити од загаденоста на околината и донесува исполнување и благосостојба. Познат е како главен исцелителски камен зашто го забрзува оздравувањето. Корисен е за мускулите, регенерација, стрес и главоболка.
10.Јарец-Оникс
Ониксот е камен со црна или тамно кафена боја, со бели жилички. Тој е под силно влијание на планетата Сатурн, затоа позитивно влијае на родените во знакот на Јарец, но неповолно влијае на знаците под влијание на Венера, Бик и Вага. Помага полесно да се справите со последиците во животот.Ги зголемува издржливоста и ладнокрвноста.
11.Водолија-Аквамарин
Со својата зеленкасто-сина боја го поттикнува чувството за верност и постојаност во љубовта. Познат е како камен на храброста и гордоста. Смирува, намалувајќи ја комуникацијата и ја заштитува аурата. Според некои верувања има лековити својства при воспаление на грлото, непцата, цревата и црниот дроб. Помага при забоболка.
12.Риби-Аметист
Аметистот е познат како “доброчинител“, посебно ако сте родени во знакот на Риби. Ова е камен на среќата кој ги красел прстите на највисоките свештеници. Има смирувачко дејство и го подобрува расположението. Ако го носите како амајлија ќе бе заштитува од сите видови зависности. На духовно ниво аметистот ја засилува телепатијата и другите психички способности. Астролозите порано верувале дека драгите камења имаат магични моќи. Но, има вистина во тоа дека одредени камења зрачат со одредена енергија особе

Пронајдете не на следниве мрежи: