Света Ксенија Петроградска (Петербуршка) е една од најпочитуваните руски Светителки, чиј спомен сé повеќе се слави во сите православни земји. Иако Црквата во Русија ја канонизирала во последните децении на дваесетиот век, света Ксенија била сметана за светителка неполни два века од страна на рускиот народ, кој секојдневно се обраќал кон неа, просејќи го нејзиното молитвено застапништво. Останувајќи вдовица рано во нејзината младност, оваа исклучителна личност го зела врз себе големиот подвиг на јуродивство Христа ради, облекувајќи го оделото на својот упокоен сопруг.
Постојат многу малку податоци за нејзините родители и нејзиниот живот пред бракот. Сепак, некои истражувачи сметаат дека блажена Ксенија е родена 1731 година. Познато е и дека Ксенија Григориевна примила добро воспитување и образование, и уште од детството знаела да чита и пишува.
Се омажила на дваесет и две години, што по мерилата на тоа време се сметало за поодминато време. Според кажувањата на жителите од тој крај, кои ја познавале и паметеле Ксенија, таа и нејзиниот маж биле сродни души, и тоа до таа мера, што не можеле да живеат еден без друг. Неговото име било Андреј Фјодорович Петров, и пеел во дворскиот хор на царицата Елисавета Петровна, благочестива императорка во чиј живот црковните богослужби заземале посебно место. Андреј Фјодорович бил често зафатен пеејќи не само на богослужбите, туку и по театарски претстави, концерти и опери; сепак, нивниот брак го чувале како нешто свето и кон него се однесувале како кон „Тајна на нашата вера“. За тоа време, Ксенија Григориевна управувала со домаќинството. Немале деца, а според сеќавањата на нивните современици, и двајцата љубеле да читаат духовни книги, да им помагаат на сиромасите, и да се подвизуваат во подвигот на љубовта кон ближните. Накратко, блажена Ксенија навистина знаела што е тоа брачна среќа и можеби токму затоа често се одзива на молитвите упатени кон неа, со кои се молиме за нашите семејства и ближни.
Доколку немате пари, работа или среќа во љубовта, молете се за добро здравје, за оние кои се лекуваат од алкохолизам преданијата велат дека треба да отидат во оваа црква и да ѝ се обратат со молитва на Света Ксенија Петроградска и нејзината милост ќе се спушти над вас и ќе ги услуша молитвите.Иако Црквата во Русија ја канонизирала во последните децении на дваесетиот век, света Ксенија била сметана за светителка неполни два века од страна