Неморалното и нечесно однесување на Најчевска излегува на површина

Loading...

Излегува на површина неморалното и нечесно однесување Мирјана Најчевска, која во јавноста делува како партиски мегафон на СДСМ и Зоран Заев. Универзитетската професорка Билјана Ванковска целосно ја разобличи Најчевска.-Оваа изјава на Евран Фуере е ЧИСТА ЛАГА! да го потсетам дека во 2006 година, Хелсиншкиот комитет (во чиј Борд членував и јас) излезе со извештај во кој нотираше отворено мешање на ЕУ амбасадорот во формирањето коалициона влада (дотичниов инсистираше дека ДУИ е легитимен претставник на Албанците поради поголемиот број освоени пратенички места и дека ВМРО-ДПМНЕ не треба да прави коалиција со ДПА). Нашата забелешка беше принципиелна, токму во смисла на тоа дека никаде (ни во устав, ни во закони) не пишува дека треба коалицирање на победник со победник, а дека странците се мешаат во внатрешните работи. Истиот ден Фуере побара средба со наши претставници. Таа непријатна и безобразна средба ја опишав во колумна, објавена во „Фокус“ (тогаш бев нивен колумнист). Ќе потсетам само кратко дека јас и Исо Руси бевме замолени од Најчевска да појдеме на средбата, а таму не’ дочека цел тим соработници и лутиот Фуере. Влезе без да се поздрави, туку веднаш тргна во рафален напад (дека е гневен, лут и незадоволен од нашиот извештај), а јас и Исо разменивме поглед и немо се договоривме дека ќе му одговориме со иста мерка. Исо ми даде предност: и јас почнав со истите зборови на Фуере, велејќи му дека ние сме гневни, лути и незадоволни што странски амбасадор се дрзнува да не’ вика на „рибање“ за независен извештај на една НВО, и тоа без аргументи. По неколку размени, Фуере почна да вика на нас, а Исо му рече: „Јас имам преку 50 години, па дури и во комунизмот не сум дозволил некој од Це-Ка да ме преслушува – нема ни вам да ви дозволам. Билјана, стани, заминуваме!“ И си заминавме додека лицето на Фуере беше жар црвено. Извештајот на Хелсиншки може да се најде на нивната веб-страница, претпоставувам – а и инаку ќе се сложиме дека постројат медиумски записи за тоа време. Навистина, т.н. Мајски договор беше услогласен во 2008, по парламентарната криза која настана поради опструкциите на пратениците на ДУИ. Договорот постигнат со странско посредништво, на англиски јазик, во Клубот на пратеници стана (не)пишан принцип за коалицирање се’ до денес кога „тази дупка не е дупка“ и тој договор веќе не е договор, напиша Ванковска.

По статусот на Ванковска дека изјавата на Ерван Фуере дека не постои принципот „победник со победник“, е чиста лага, со свој став се јави Најчевска, која напиша дека токму заради овој несоодеветен настап на Ванковска, таа побарала нејзино исклучување од Хелсиншкиот комитет.

 
-Ванковска пропуштила да каже само една ситница. А тоа е дека заради овој нејзин крајно безобразен и несоодветне настап (меѓу другото) јас побарав нејзино исклучување од Хелсиншкиот комитет и направив се што е во моја моќтоа и да се случи (дури и по цена на моето напуштање на организацијата чии оснивач сум), напиша Најчевска.

Сепак, Ванковска во нов статус целосно го разобличува однесувањето на Најчевска.

Сега ми кажаа дека Најчевска тврдела дека случката кај Фуере (демек, инцидент кој ЈАС сум го направила, а не јас и Исо 😉 ) била причина таа да побара моја оставка. Еве мало освежување на сеќавањето – женава е постара од мене, ама не до толку за да се вади на деменција. Инаку, таа лично ме побара на телефон вечерта пред средбата и ме замоли да одам со Исо кај Фуере кој протестирал поради извештајот за изборите 2006. Таа се подготвуваше да си замине на одмор во Сарти. Кога и двајцата и’ кажавме што се случи, таа беше задоволна од нашето држење до извештајот. Нејзината хајка почна во ноември 2006, по една колумна во која пишував за состојбите на универзитет, и во НВО сектор – и прашав „Каде џенем да фатам“. Таа си се препознала иако јас на ум имав две други невладини организации (Транспарентност и една друга водена од брачен пар), но имињата не ги наведов. Кога нејзин Сашко, а потоа и таа почнаа со отворена хајка и барање за мое бркање од Бордот, членовите се поделија. Исо Руси беше повторно со висок интегритет и и’ кажа дека тоа што го прави е стаљинизам и дека си ставила шинел, и дека тој нема да дозволи некој да се казнува за слобода на мисла и говор. Еве една статија од Утрински од тоа време (инаку, тој анонимниот е Борјан Јовановски, кој се обидуваше сето тоа да го релативизира така што ќе го сведе на личен анимозитет.) Јас и уште други 4 членки на Бордот си дадовме оставка, но на крај и таа беше принудена да си замине од Бордот.-Оваа изјава на Евран Фуере е ЧИСТА ЛАГА! да го потсетам дека во 2006 година, Хелсиншкиот комитет (во чиј

loading...