Ненадејната смрт му ги расипа плановите: Џорџ Мајкл сакал во 2017 година да…

Џорџ Мајкл почина додека работеше на нов албум и документарен филм кој планирал да го објави во 2017 година.На новиот албум тој работел со продуцентот Naughty Boy кој на почетокот на декември за Би-Би-Си изјавил дека едвај чека да соработуваат.
-Не знам што да очекувам. И да бидам искрен, тој е помистериозен од било кој друг, многу сум возбуден. Го побарав за да му понудам соработка и прифати. Тој планира нов албум идната година, а ќе соработуваме и за мојот албум, открил тога продуцентот.
Последната објава на официјалниот Инстаграм профил на Џорџ Мајкл е стара седум недели и со истата се најавува документарниот филм „Freedom“.
Како што пренесува британски „Сан“, филмот е приказна за случувањата зад сцената за време на создавањето на вториот соло албум на Мајкл, „Listen without predjuce Vol.1“ објавен во 1990 година.На новиот албум тој работел со продуцентот Naughty Boy кој на почетокот на декември за Би-Би-Си изјавил дека едвај чека да соработуваат.

Пронајдете не на следниве мрежи: