Поради ненавремениот потпис на Ременски капитални проекти во вредност од 10 милиони денари не се реализираа на време. 40 дена техничката министерка за труд и социјална политика не ја потпишувала потребната документација со што бил надминат законскиот рок, велат за Сител извори од министерството. Заради тоа 20% од буџетот за капитални инвестиции бил пренаменет за други ставки.Задоцнета била постапката за реализација на владини проекти како:
-одлуки за избор за опрема за детска градинка Јегуновце и Бутел,
-одлука за набавка за сензорна соба во дневен центар за деца со оштетен вид во Кисела Вода,
-документација за купопродажба на објект во Катланово,
-одлука за набавка за опрема во дневен центар за деца со пречки во развој во Охрид,
-нарачка за идејно решение за старски дом.
Одговор на прашањата испратени до министерката зошто се доцни со реализацијата на овие проекти до доцна попладнево не добивме.
Жителите на Јегуновце беа некои од револтираните граѓани поради кочењето на проектите.
Нереализираните средства од лани ќе се пренесат како обврски за оваа година. Поради доцнењето ќе доцни и реализацијата на планираните проекти годинава.Задоцнета била постапката за реализација на владини проекти како:
-одлуки за избор за опрема за детска градинка Јегуновце и Бутел,