Необичен кандидат за чешки претседател

Професор на Универзитет за сценска уметност во Прага, како и композитор на класична музика, 53 годишниот Владимир Франц одлучи да се кандидира на претстојните избори за претседател во Чешка.
Според последните резултати од анкетите, човекот кој поради неговите тетоважи и изглед го нарекуваат и „Аватар“, го зазема третото место, одма после главните претенденти, а неговата популарност расте од ден на ден, пред се благодарејќи на неговиот необичен изглед.
Франц во Чешка е ценет композитор и носител на неколку награди. Примери од неговите музички дела можете да ги слушнете во видеото подолу, во кое се прикажани и неговите уметнички дела.
Тој признава дека нема искуство во политиката, како и дека има многу малку знаење во областа на економијата, а одлучил да влезе во политичките води откако неговите обожаватели ја покренаа иницијативата: Франц за претседател, наговарајќи го да го шокира светот со својот изглед.
Можеби на крајот и не е толку лоша идејата Франц да стане претседател. 
 
 Професор на Универзитет за сценска уметност во Прага, како и композитор на класична м

Пронајдете не на следниве мрежи: