НЕОБИЧНА ЉУБОВ: Гуската му го сменила животот на агресивното куче и го спасила од еутназија!

Пред да ја сретне својата нова пријателка, кучето со име Рекс било во голема неволја. Но, работите се смениле кога ја запознал гуската Џералдин.Рекс немал адекватни животни услови. Поголемиот дел од времето тој го поминал заврзан за краток ланец за оградата од дворот. Сопствениците честo го тепале, а поради неадекватното воспитување тој израснал во агресивно куче кое станало закана за околината.
За среќа, членовите на организацијата „Puriton Horse and Animal Rescue“ го спасиле од несовесните сопственици.

Несреќното животно не можело да се вклопи во нивниот амбиент, па ги напаѓало другите животни. Се верувало дека за него нема спас, па бил осуден на смрт.
Меѓутоа, тој ја сретнал Џералдин – гуска која исто така имала проблематично минато како и Рекс. Нејзините сопственици ја напуштиле бидејќи не можеле да го трпат нејзиното однесување.
Тие веднаш се спријателиле.
„Тоа беше љубов на прв поглед, веројатно затоа што и двајцата делат слично минато. Сега го поминуваат времето во играње и дружење. Неразделни се“, вели сопственичката на прифатилиштето, Шила Бреслин.
Моќната љубов ги „излечила“ овие мили животни и им овозможила да започнат нов живот во прифатилиштето.Рекс немал адекватни животни услови. Поголемиот дел од времето тој го поминал заврзан за краток ланец за оградата од дворот. Сопствениците честo го

Пронајдете не на следниве мрежи: