Необична употреба на бебешката пудра

Ако вашиот буџет за купување козметика подразбира купување на мултифункционални производи, тогаш би требало да размислите за бебешката пудра. Овој производ практично го прават неговите многубројни намени. Ќе ви помогне кога немате доволно време да измиете коса, но и карминот долго да ви трае. Меѓутоа, тоа не е сè!Погледнете за што уште можете да го употребувате овој повеќенаменски производ.  
1) Го зголемува волуменот на трепките
Нанесете лесен слој од бебешката пудра на трепките, помеѓу двата слоја на маскарата. Пудрата ќе им ги додаде должината и волуменот на вашите трепки. Покрај тоа, ако вашата маскара има течна формула, односно ако не е претерано густа, бебешкиот прав ќе спречи маскарата да се размачка.
2) Суво миење на косата
На врвовите на прстите нанесете малку бебешка пудра, втријте ја во коренот на косата и потоа исчешлајте ја целата должина на косата. Бебешката пудра ќе ги впие вишокот масти од темето на главата и ќе го зголеми волуменот.  
3) Го отстранува сјајот од кожата
Бебешката пудра има подобар ефект од повеќето пудри кои имаат мат финиш. Не можете да употребувате преголема количина, меѓутоа малиот слој пудра ќе го земе непотребниот слој на лицето кога сте пред камера или фотоапарат. Талкот во правот ја апсорбира потта од лицето и го ублажува сјајот, посебно кај оние личности кои имаат потемна нијанса на кожата бидејќи потемната кожа одржува повеќе сјај пред камерите.
4) Карминот подолго ќе трае
После првиот слој кармин, ставете марамче на усните за да го соберете вишокот, а потоа со четкичка нанесете тенок слој пудра. Потоа повторно нанесете кармин и подготвени сте.
5) Лесно да го избришете песокот од кожата
Ако нанесете тенок слој бебешка пудра, песокот нема да се лепи и ќе можете со лесен допир да го избришете од кожата.
6) Го отстранува непријатниот мирис од патиките
Немате време да се истуширате после теретана и на брзина облекувате чисти патики на испотени нозе? Одвратно! Истурете малку бебешка пудра во патиките за да ја апсорбираат потта и непријатните мириси. Погледнете за што уште можете да го употребувате овој повеќенаменски производ.  
1) Го зголемува волуменот на тре

Пронајдете не на следниве мрежи: