НЕОБИЧНИ ЛЕКАРСКИ СЛУЧАИ: По цели 36 години од жена извадиле скелет од фетус, израснат нос на грб, тинејџер имал 232 заби…

Жена на која ѝ израснал нос на `рбетот, тинејџер на кој му биле извадини 232 заби, жена која се родила без мал мозок, како и жена на која по цели 36 години ѝ извадиле скелет од фетус – се само дел од најнеобичните лекарски случаи кои се забележани во изминатата година.1. Родена без мал мозок
Малиот мозок е одговорен за контролираните моторички движења на телото, вклучувајќи го држењето на телото, рамнотежата, говорот итн. Скоро половина од невроните на мозокот се наоѓаат во него. Лекарите во Кина откриле 24-годишна девојка која е родена без мал мозок. Таа е деветта таква личност на светот, која е забележана во лекарската пракса.
2. На тинејџер му извадиле 232 заби
Ашик Гавај (17) од Индија, се покажа како единствен случај. Имено, на него забарите му отстраниле неверојатни 232 заби од устата.
3. На тинејџерка ѝ израснал нос на `рбетот
Една 18-годишна тинејџерка останала парализирана поради повреда на `рбетот. Три години подоцна, матичните клетки од носот ѝ биле пресадени на повреденото место. По 8 години, таа почнала да чувствува силни болки, а снимките откриле дека на местото на трансплантацијата израснала три центиметри голема маса која содржела носно ткиво и големи количества густа слуз.
4. Има тројца биолошки родители
Алана Саринен е меѓу ретките личности во светот кои имаат тројца биолошки родители. Таа не е прозивод на некој чудесен експеримент и генетски инженеринг, туку производ на пионерска терапија за неплодност која сега е забранета. Постапката вклучувала пренесување на дел од клетките на донаторите во јајце-клетката на мајката. По раѓањето на Алана, било утврдено дека таа има ДНК на тројца родители.
5. Дури 36 години носела фетус во стомакот
60-годишна жена отишла на операција, за да ѝ го отстранат фетусот кој настанал во вонматерична бременост. Случајот е необичен, бидејќи вонматеричната бременост ја имала во 1978 година. Два месеци пред операцијата, жената се жалела на болки во абдоменот, имала тврд израсток за кој лекарите прво помислиле дека е тумор, па била пратена на снимање. Снимките потврдиле дека не станува збор за тумор, туку за калцифицирани остатоци на костур од фетус.
ПРИКАЗНИ ОД УРГЕНТНО: Што сѐ им се заглавува на луѓето за време на сексуалните односи?

6. Во носот имала пијавица долга 7,5 центиметри
Британка која била на одмор во југоисточна Азија, се вратила дома со 7,5 центиметри долга пијавица во носот. Носот често ѝ крварел, но таа била уверена дека тоа било поради пукнатата крвна жила бидејќи претходно доживеала сообраќајна несреќа. Лекарите ја ваделе пијавицата 30 минути.
7. Гледа 100 милиони бои
Кончета Антико поради генетска мутација која се нарекува тетракроматизам, е уникатен уметник. Таа поседува супер вид и гледа неверојатни 100 милиони бои. Инаку, просечните луѓе можат да перцепираат околу милион бои.
8. Амеби ѝ ги изеле зениците
Студентка од Тајван, Лиан Као, го загубила видот зашто шест месеци не ги менувала леќите. Имено, просторот помеѓу леќата и окото е плодна почва за развој на микоорганизми на кои им пречи кислородот, а се хранат со рожницата. Ameba Acanthamoebа е најопасна, а токму таа се развива поради неменување леќи. Се храни со бактерии, а со оглед дека во очите на студентката се појавила бактериска инфекција, амебата брзо нараснала.
9. Четири години главоболка поради црв во мозокот
Откако 50-годишен човек од Велика Британија се пожалил на главоболки, било отркиено дека животното Spirometraerinaceieuropei веќе четири години живеело во неговиот мозок и се селело од една страна на друга. Црвот предизвикува воспаление и губење на меморијата, како и главоболки ако се насели во мозокот.
10. Срцето му преминало на десна страна
Еден 48-годишен маж бил итно донесен во болница во Италија, поради повреда која ја добил во сообраќајна несреќа. Откако лекарите направиле тестирања, откриле дека срцето на пациентот се ротирало на десна страна. Во текот на несреќата, воздухот влегол во белите дробови на настраданиот и лекарите веруваат дека токму тој го турнал и преместил срцето на другата страна.
Еве што сѐ им се заглавило на луѓето во телесните празнини!1. Родена без мал мозок
Малиот мозок е одговорен за контролираните моторички движења на телото, вклучувајќи го држењето на

Пронајдете не на следниве мрежи: