НЕОБИЧНИ ВЕРУВАЊА: Косата не се мие во вторник, ѓубрето не се фрла навечер…

Дека крајчето од лебот треба да го јаде девојката за да ја сака свекрвата и дека ѓубрето не би требало да се фрла навечер за да не се предизвикуваат кавги во куќата, се само некои од необичните верувања.Нашата култура е богата со традиции и верувања, кои понекогаш се тесно испреплетени со суеверијата. Многу од нив значат дека поединците треба да дејствуваат на одреден начин, со цел да имаат среќа, но исто така и да се заштитат од злите самовили, магии и несреќи.
Многу од овие обичаи исчезнуваат со текот на времето, додека други само се трансформирале. Сепак, некои од нив се најблаго речено необични.
– Сите луѓе имаат во себе паганско – магијски дел од битието, и во време на криза, многу регресираат на тоа ниво. Но, тоа во што луѓето се подготвени да веруваат, во голема мера зависи од образованието – објаснува психологот Александра Јанковиќ.
Така, постои верување дека ако ги јадете трошките од масата ќе имате многу пари. Исто така, кога станува збор за лебот, тој не се превртува наопаку бидејќи го симболизира Христовото тело и мора тој дел каде се сече да “гледа” кон масата каде што се јаде.
Крајчето на лебот треба  да го  јадат девојките, за да ги сакаат свекрвите. Исто така, додека се јаде, не треба да се пее, бидејќи тој  што го прави тоа ќе земе луд маж или жена. По оброкот не се прозева, за тоа што сте го изеле да не ви го преземе ѓаволот.
Она што останува во садот во кој се мати колач, домаќинката  не треба да го јаде ако не е  во брак, затоа што во спротивно на нејзината свадба ќе врне дожд.
На датумот означен со црвено во  црковниот календар не треба да се работи. Оние кои ова ви го порачуваат обично имаат страшна приказна за тоа што им се случило кога го прекршиле ова верување. Во селата воздржувањето за работа на  празници, секогаш има и потенцијална казна: Ако на пример, некој „погреши “на празник посветен на змиите и работи, особено во нива, ќе го касне змија.
Она за што многу луѓе веќе имаат слушнато е дека ако  скршите огледало, ќе имате несреќа седум години. Покрај тоа, чадорот не треба да се отвора во затворен простор, бидејќи така на себе ќе си донесете лоша среќа, а ѓубрето не се фрла во темнина, за да не предизвиката кавга во домот.

 
Не се подарува запалка на дечко или пријател, бидејќи тоа ќе предизвика раздор. Ова исто така важи за вазна и нож. Исто така, “се знае” што да треба да се направи доколку сретнете оџачар, црна мачка или поп.
И денес се смета дека влијанието на злите сили најмногу „удираат“ на децата па треба да ги чуваат на посебен начин. Доколку бебето е убаво треба три пати да го поплукате, за никој да не го урочи.
На тукушто роденото бебе му се остава паричка покрај глава за да си купи братче или сестриче. Постои верување дека доколку му се стават пари на бебето под перница, ќе биде јако како железо. Исто така се верува и дека црвеното конче врзано за нивната рака ги штити од уроци. Кога бебето се изнесува надвор, треба се да му се облече наопаку за да не го однесат вилите.
Косата не би требало да ја миете во вторник, и исто така кога датумот е означен со црвено во црковниот календар.
За да не ја „соберете“ магијата која некој одамна ја фрлил, не би требало да поминувате преку раскрсница. Тоа според народните верувања е место каде се сретнуваат овој и оној свет.
Доколку некој тргнал на испит, или треба да заврши некоја важна работа, по него се фрла вода за да има успех. А доколку веќе сте излегле од куќата а нешто сте заборавиле не чини да се враќате назад. Нашата култура е богата со традиции и верувања, кои понекогаш се тесно испреплетени со суеверијата. Многу од нив значат дека поединците треба да де

Пронајдете не на следниве мрежи: