Политичарите во Индија ги обвинуваат духовите за серија самоубиства извршени од страна на фармерите во оваа држава.Бхупендра Синг го изјави ова по обвинувањето на Конгресот за алармантниот број на самоубиства во регионот во последните две години.
На прашањето за деталите околу неверојатните 418 самоубиства на земјоделци што се случија од 2014-та наваму, Синг ја префрли вината на опседнатоста со духови.
Натприродната причина за самоубиствата наиде на гнев и потсмев кај другите политичари и кај медиумите.
Но, Синг на тоа одговори дека информациите ги базира на сведоштвата на семејствата на загинатите. Имено, според него, во некои рурални места, постои ритуал за ослободување на луѓето од опседнатост со духови.
Според критичарите, причина за самоубиствата се слабите субвенции што ги добиваат земјоделците, како и неуспешните земјоделски години.
Во денешниот свет, во кој владите даваат се од себе да се оттргнат од било каква поврзаност со паранормалното, ставот на овој политичар е навистина изненадувачки.
Но, ако алтернативата е прифаќање на вината, можеби и опседнатоста со духови е полесен одговор.Бхупендра Синг го изјави ова по обвинувањето на Конгресот за алармантниот број на