На сопствениците на педалините им е одреден притвор од 30 дена бидејќи во неделата им изнајмиле пловила на Стефан (14) и Никола Петровиќ (13) од Трска кај Рача, кои паднале од нив и се удавиле.Изнајмувањето на педалините најпрво им било прескапо на децата и се откажале од пловењето, но сопствениците ја спуштиле цената за да земат пари од нив. Притоа, на Стефан, Никола и нивните другари не им дале појаси за спасување и ги пуштиле да испловат без надзор на полнолетни лица!
Според извори од истрагата, изнајмените педалини на децата не биле регистрирани, бидејќи дозволата им истекла на 1 септември.
На сослушувањето во судот, сопствениците се бранеле дека не биле свесни дека треба на децата да им дадат појаси за спасување.
„Исто така, рекоа дека не ни знаеја дека малолетниците мора да имаат полнолетна придружба на педалина. Додадоа дека ниту инспекцијата не им вршела преглед, ниту некој им дал правилник за изнајмување на педалини“ – објаснил изворот.
Притвор од 30 дена им е одреден и на директорот на училиштето, како и на училишниот тренер за фудбал.Изнајмувањето на педалините најпрво им било прескапо на децата и се откажале од пловењето, но сопствениците ја спуштиле цената за да земат пари од