НЕОЧЕКУВАН СВЕДОК на разорувањето на Хирошима чија приказна досега беше скриена!

Јапонскиот бел бор, кој издржал скоро четири века на планетата, беше сведок на многубројни историски случувања. Меѓу останатото и на атомската бомба во Хирошима.Со векови старото бонсаи кое ја преживеа стаомската бомба во Хирошима, успеа да се појави на голем број насловни страници во светот, но луѓето коишто се грижат за него повеќе би сакале вниманието да се насочи на неговата улога во мирот, а не на војната.
Јапонскиот бел бор, кој бил засаден пред 390 години, му припаѓал на едно семејство кое живеело само три километри од местото на кое Американците фрлиле атомска бомба пред 70 години. Токму поради годишнината од немилиот настан, приказната за ова бонсаи масовно се прошири на социјалните мрежи.
Семејството се грижело за ова дрво цели пет генерации, пред да ѝ го подари на Америка во 1975 година.
„Бонсаито не беше подарено поради Хирошима. Тоа е подарок во знак на пријателство и поврзаност – поврзаност меѓу две различни култури“ – изјавила Кејтлин Емерсон Дел, која учествува во негата на дрвото во рамките на Американскиот Национален Арборетум во Вашингтон.
Всушност, арборетумот не бил свесен за поврзаноста на дрвото со Хирошима сѐ до 2001 година, кога внуците на Масаро Јамако не го посетиле Националниот Бонсаи и Пенџинг музеј во потрага по дрвото на нивниот дедо. Јамака го подарил дрвото во пресрет на годишнината од фрлањето на атомската бомба на Хирошима.
Бомбардирањето на Хирошима беше еден од двата напади кои водеа до завршувањето на Втората светска војна, со загуба на 140.000 жители и уништување на градот. Дрвото на Јамака грижливо било заштитено со дебели ѕидови на расад.
Денес, белиот бор е висок неколку стапки, со дебело стебло и е со зеленикаво-жолти иглички на гранките кои се обвиени со жици за да не се прошират.
„Постои одредена врска со живото суштетсво кое го преживеа хоророт и во чие присуство ние денес се наоѓаме“ – навела Кејтлин додека го допирала дрвото, велејќи дека се надева оти тоа ќе претставува симбол на преживувањето.

This little bonsai survived the Hiroshima bomb and is 390 years old. It was donated to the National Arboretum in D.… pic.twitter.com/wxvXjmNQUB
— Reddit Pics (@redditpicsbot) August 3, 2015
Со векови старото бонсаи кое ја преживеа стаомската бомба во Хирошима, успеа да се појави на голем број насловни страници во светот, но луѓето коиш

Пронајдете не на следниве мрежи: